Г-дин. Фахрудин Хамиди, Претседател на Управен Одбор и Извршен директор на секторот за воздухопловнa навигација при М-НАВ АД Скопје, вчера, на 09.03.2021 година во нашите простории, оствари средба со Г-дин. Илбер Села, Директор на АПЈ.
На оваа средба Г-дин. Хамиди информираше за тешкотиите и потребите на М-НАВ во однос на целосна примена на албанскиот јазик на официјално ниво во согласност со Законот за употреба на јазиците и можноста за употреба на албанскиот јазик во пракса што вклучува превод на интерна документација потребна за нормално и ефикасно функционирање на нашето Друштво. Тешкотиите се однесуваат на постоечката финансиска ситуација поради Ковид-19 пандемијата поради што не сме во состојба да вработуваме соодветен стручен преведувач иако истиот е планиран со финансискиот план за 2021 година. Во прва прилика М-НАВ ќе пристапи кон формално решение на овој проблем.
Г-дин. Села изјави дека агенцијата ќе обезбеди конкретна помош на М-НАВ АД Скопје за превод и лекторирање на обрасци, административни акти, како и други официјални документи на нашата компанија.