Секоја година, Светскиот метеоролошки ден се слави во согласност со конвенцијата на Светската метеоролошка организација која влегла во сила на 23 Март 1950 година.
Светскиот ден на метеорологијата во 2021 година е посветен на темата „Океанот, нашата клима и времето“. СМО (Светска Мтеоролошка Организација) го става фокусот на поврзувањето на океанот, климата и времето во рамките на Земјиниот систем.
Со промената на климата доаѓа до загревање океанот, а тоа има длабоко влијание врз нашето време. Годишниот извештај на СМО за состојбата на глобалната клима, покажува дека 2020 година беше една од трите најтопли години што е забележана, и покрај ладењето на Ла Нина во Тихиот океан. Изминатата деценија од 2011-2020 година беше најтопла досега.
Топлината во океанот е на рекордно ниво, загревањето на океанот продолжува. Морскиот мраз се топи. Стапката на пораст на нивото на морето е забрзана.
Во текот на изминатата година, видовме пролонгирани суши што ги продолжија сезоните на пожари низ целиот свет. Разорните пожари во Австралија, на пример, беа поврзани со температурите на океаните кои влијаат на посувата сезонска шема на клима.
Топлите температури на океаните помогнаа во поттикнување на рекордна сезона на урагани во Атлантикот и невообичаено интензивни тропски циклони во Индискиот и Јужниот Пацифички океан. Штетите од невремето во овие области ја покажаа моќта на океанот и неговото разорно влијание врз крајбрежните заедници.
За повеќе инфрмации на линкот https://youtu.be/F7dUKEurZnI