На 29ти април 2021г. во просториите на М-НАВ, Г-дин Fahrudin Hamidi, Претседател на Управниот Одбор, ги пречека претставниците на Croatia Control, Г-дин Vlado Bagarić – Генерален Директор и Г-дин Tomislav Mihetec, Заменик Директор на АТМ.
На овој состанок претставниците од обата даватели на услуги за воздухопловна навигација разговараа за моменталната состојба предизвикана како последица од Covid -19 кризата и нејзиното негативно влијание на енормниот пад на обемот на воздушниот сообраќај, со што воздухопловната индустрија претрпува огромна финансиска криза.
М-НАВ ги презентираше мерките и активностите кои ги презема, а во насока на спречување на ширењето на вирусот Covid-19 меѓу оперативниот персонал како најкритичен и најзначаен за непречено и редовно одвивање на воздушниот сообраќај, како и ги презентираше останатите мерки кои ги презема за да се редуцираат трошоците со цел оддржување на ликвидноста на Друштвото.
Подготовка на нацрт Меморандум за разбирање во кој би се опфатила взаемната соработка во полето на безбедноста, обуката и управувањето со воздушниот сообраќај исто така беше предмет на дискусија.
Претставниците на Croatia Control понудија помош и поддршка во имплементацијата на SECSI FRA, на Регулативата на ЕУ 2017/373, помош во имплементацијата на PBN во TMA, како и во подготовката на некои работни процедури од доменот на безбедноста, квалитетот и обезбедувањето.
Понатаму тие направија и куса презентација на функционалностите на нивниот АМС портал како вредносна алатка за управување со воздушниот простор, посебно дизајнирана за дронови и други беспилотни летала.
Исто така, ги опишаа и нивниот центар за обука за КЛ како и симулаторот за воздушен сообраќај за контролна кула (TWR) кој се наоѓа во Сплит. ТWR симулаторот служи за обука на КЛ во самата организација (in-house training), по што ги поканија претставниците на М-НАВ во посета на нивните простории каде детално ќе им се презентираат сите нивни иновации и центри за обука, како во Загреб така и во Сплит.
М-НАВ и понатаму ќе се стреми кон зајакнување на соработката и оддржување на добри односи со сите регионални даватели на услуги за воздухопловна навигација во правец на подобрено обезбедување на услуги и реализација на примарната задача, а тоа е оддржување на безбедно небо.