Воздухопловниот сектор е еден од најпогодените со појавата на вирусот SARS-CoV 2. Од почетокот на кризата сите чинители напорно работат на нормализирање на сообраќајните текови и враќање на бројот на летови и патници на ниво од пред кризата, односно на ниво од 2019 година која во овие услови се зема за референтна година.

Очигледно е дека со процесот на имунизација на населението и укинувањето на рестрикциите за патувањa поставени од државите мошне успешно се ублажуваат последиците од Covid-19 кризата која минатата година значително го погоди воздухопловниот сектор кој претрпе финансиска штета од огромни размери.

Еуроконтрол во целиот овој период се обидува да помогне со своите ресурси вклучително и со изработка на краткорочни сценарија и долгорочни прогнози за очекуваните нивоа на сообраќај со цел да им помогне на давателите на услуги да го оптимизираат своето работење и да допринесат соодветно во нормализација на сообраќајот. Во својата прогноза од месец октомври 2021г., со коja се опфаќа периодот од 2021г. до 2027г. има разработено три можни сценарија: “High”сценарио кое е оптимистично и истото ќе се реализира со понатамошна масовна вакцинација во Европа, но и глобално, со координиран меѓурегионален приод, релаксирани рестрикции за патување со што меѓурегионалните протоци на воздушен сообраќај ќе се рестартираат до средината на 2022 година. “Baseline” сценариото е слично, но со проток на воздушниот сообраќај надвор од Европа кој се враќа во нормала многу бавно па така се очекува само бизнис летовите да се вратат на нивото од 2019г во 2023г.. Согласно пак најпесимистичното “Low” сценарио се очекува обемот на воздушниот сообраќај од 2019г. да се врати до крајот на 2027г.

Она на што М-НАВ особено се гордее е тоа што во текот на месец август 2021г. речиси и го достигна High сценариото и се забележува намалување на воздушниот сообраќај од -7.8% во однос на 2019та година истиот месец, по што следеше благ пад на обемот на воздушен сообраќај и во текот на месец септември намалувањето на воздушниот сообраќај е -11.9% во однос на истиот месец во 2019та година, за да во месец октомври М-НАВ конечно после повеќе од една и пол година бележи дури и пораст на воздушниот сообраќај од 1.3% во споредба со месец октомври во 2019та година. Со ова Република Северна Македонија за месец Октомври 2021 година е земја со најголем обем на пораст на прелети споредено со 2019 година на ниво на земји членки на ЕCAC.

М-НАВ се надева дека овој тренд на зголемување на воздушниот сообраќај ќе продолжи и понатаму и остануваме максимално посветени на безбедно давање услуги на нашите клиенти.

Извор: EUROCONTROL

Повеќе информации може да најдете на следниот линк:  https://www.eurocontrol.int/press-release/new-eurocontrol-2021-2027-forecast-expects-traffic-recovery-2019-levels-end-2023