Контролори на летање предводени од Претседателот на Управниот Одбор на АД “М-НАВ”, а на покана на SECSI FRA групација како и Аlbcontrol присуствуваа на регионалниот состанок во Тирана во периодот од 18-20 октомври. Тема на состанокот беше инцијативата за заедничко југоисточно небо, воздушен простор на слободно планирање на лет (SECSI FRA). На регионалниот состанок присуствуваа претставници од давателите на услуги за воздухпловна навигација од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија.
Овој регионален состанок беше од особена важност за М-НАВ зошто на него се официјализираше приклучувањето на Република Северна Македонија и на Албанија кон оваа иницијатива. Она што даде дополнителна тежина на овој состанок е што истиот претставуваше добра можност да се дискутираат и оперативни прашања поврзани со оваа иницијатива со која ќе им се понудат опции за најкуса рута на корисниците на воздушниот простор, од што ќе произлезат значајни придобивки долж југоисточната оска (South East Axis), а кои придобивки беа предмет на дискусија овој состанок. Исто така се разговараше и за спорниот момент во функционирањето на нашиот систем кој не процесира FPL, па постојат три точки за outbound сообраќај кон Тирана.
Истотака на овој состанок се оствари средба со Генералниот директор на Аlbcontrol- Хантин Бонати со кого се разговараше за финално формално решение за делегирање на дел од воздушниот простор над Охридско езеро за потребите на М-НАВ при давање на воздухопловни услуги од страна на АКЛ Охрид како и воспоставување на директна теле-врска помеѓу АКЛ Охрид со Албконтрол.
М-НАВ продолжува да остварува регионални состаноци низ регионот со цел ефикасно имплементирање на оваа иницијатива