На 27.01.2022 година во објектот на контролата на летање, Управниот Одбор на М-НАВ предводен од Г-дин Fahrudin Hamidi -Претседател на Управен одбор и Извршен директор во СВН, Г-дин Владко Крстевски – Извршен директор во СВТ и Г-дин Migjen Salmani- Извршен директор за финансиски работи, за правни работи, развој и инвестиции имаше чест да го пречека Министерот за транспорт и врски Г-дин Благој Бочварски и неговиот Заменик Г-дин Bekim Rexhepi.

За време на посетата Министерот имаше можност да ги обиколи нашите оперативни простории и да се запознае со нашата работа.

Претседателот на Управниот Одбор, Г. Hamidi информираше за почетокот на предвидените прелиминарни активности за изградба на новата зграда со вкупна површина од 1.200 квадратни метри во која ќе биде сместен новиот АТМ систем , со што ќе се придонесе за зголемување на нашите капацитети и за модернизација на институцијата.

Покрај кризата во минатите две години која настана како резултат на Ковид-19 пандемијата и која имаше големо негативно влијание врз авио сообраќајот, М-НАВ како провајдер на воздухопловни услуги исе соочи со драстично намалување на приходите, но со заеднични напори на целиот тим во Друштвото успеавме истата да ја надминеме и да ги подобриме нашите финансиски показатели.

М-НАВ продолжува со модернизација на системот за воздухопловна навигација кој што во голема мера ќе овозможи опслужување на поголем обем на сообраќај, како и обезбедување на најпрофесионални и безбедни воздухопловни услуги.