РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И РАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ
Хидрометеоролошки и климатски информации за намалување на ризикот од катастрофи
Временските, климатските и водните екстреми стануваат се почести и поинтензивни во многу делови од светот како резултат на климатските промени. Повеќе од било кога досега сме изложени на повеќе поврзани временски опасности, кои се развиваат како резултат на растот на населението, урбанизацијата и деградацијата на животната средина.
Прогнозите само за тоа какво ќе биде времето веќе не се доволни. Денес акцентот на прогнозата се става на влијанието на времето и раното информирање на јавноста за тоа што ќе направи времето кое е од витално значење за да се спасат животи и средствата за живот. Сепак, секое трето лице сè уште не е соодветно информирано со системите за рано предупредување.
Поголемата координација помеѓу националните метеоролошки и хидролошки служби, властите за управување со катастрофи и развојните агенции е од фундаментално значење за подобра превенција, подготвеност и одговор.
КОВИД-19 ги комплицираше предизвиците со кои се соочува општеството и ги ослабна механизмите за справување. Со пандемијата, исто така се покажа дека во нашиот меѓусебно поврзан свет, треба да вклучиме вистински координиран, прекуграничен пристап кој ќе ги опфати поврзаните временски опасности, за да постигнеме напредок кон глобалните цели за климатско дејство, намалување на ризикот од катастрофи и одржлив развој.
Подготвеноста и способноста да се дејствува во вистинско време, на вистинско место, може да спаси многу животи и да ги заштити средствата за живот на заедниците насекаде, сега и во иднина.
Според тоа, Светскиот ден на метеорологијата, 23 март 2022 година, ја има темата “Рано предупредување и рано дејствување” и ја нагласува виталната важност на хидрометеоролошките и климатските информации за намалување на ризикот од катастрофи.