Croatia Control (CCL) and DFS Aviation Services беа домаќини на првиот Југоисточен АТМ самит (SEAS) во Цавтат, кој се одржа на 26 и 27 септември 2022 година. На состанокот се дискутираше на следните теми:
- Remote towers
- Нови можности за обука на Контролори на летање
- Управување со воздушниот простор (AMC)
- Системи за Управување на сообраќајот за беспилотни воздухоплови (UTM)
На Самитот беа присутни претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Германија, Косово, Република Северна Македонија, Србија, Словачка и Словенија кои разговараа за моменталната ситуација како и идните предизвици со кои ќе треба да се соочи управувањето со воздушниот сообраќај чија комплексност и разноврсност се повеќе ќе се зголемува. Фокусот беше ставен на новите технологии и услуги за оптимизација на Европската воздухопловна мрежа.
Овој настан произлезе од договорот за соработка потпишан на почетокот на оваа година од страна на CCL и DFS Aviation Services за да се постави курсот за идна соработка во комерцијалниот бизнис, првенствено покривајќи ги областите на воздухопловна обука и консалтинг, како и имплементација на заеднички проекти за ANSP и аеродроми во Југоисточна Европа.
CCL ја презентираше имплементацијата на обука за ATCO во рамките на организацијата, како и порталот за AMC, специјално дизајниран за управување со воздушниот простор земајќи ги во предвид операциите на беспилотни летала.
DFS Aviation Services, ги презентираа нивните активности поврзани со развој на процесите и регулативата поврзана со Remote Towers, технологија за која сметаат дека е иднината на ародромската контрола.
Сите учесници се сложија дека настанот е позитивен моментум со надеж дека ќе стане традиционален годишен настан за размена на искуства и идеи за регионална соработка.