Денес, 20 октомври, е светскиот ден на Контролата на летање. И токму оваа година се слави стогодишнината на оваа професија.
На почетокот од минатиот век, еден од најголемите соништа на човекот – да полета, стана реалност. Но набрзо стана јасно дека таквиот сон, за да биде безбеден, мора да биде згрижен со одредени правила и да биде под нечија контрола.
Точно пред сто години, во далечната 1922 година, произлезе Контролата на летање како најверен партнер на најхрабрите сонувачи.
Денеска сме тука да посведочиме за првото столетие на Контролата на летање – голем јубилеј за оваа професија.
Оваа воздухопловна гранка се изроди на европското тло на релација Англија – Франција но денеска, Контролорите на летање се чувари на небото низ целиот свет.(www.atc100years.org)
Работат и дење и ноќе, секој ден од неделата, за да обезбедат континуиран сервис во воздушниот сообраќај.
Во Македонија, 120 Контролори и помошници контролори на летање опслужуваат преку 1200 воздухоплови на ден, вклучувајќи ги двата аеродроми Скопје и Охрид, како и воздухопловите кои ја прелетуваат нашата територијата.
Домот на овие професионалци е М-НАВ А.Д. Скопје а нивното семејство е ЗКЛМ – Здружението на Контролори на Летање на Македонија. (zklm.org)
M-НАВ А.Д. Скопје и ЗКЛМ – Здружението на Контролори на Летање на Македонија им го честита празникот на сите контролори на летање во целиот свет.