Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје објави Оглас за прием на 8 кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време на ден 28.07.2022 година, Рокот за поднесување на пријавите и потребната документација траеше 15 (петнаесет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Согласно утврдените потреби и планови за обука и вработување на нови контролори на летање спроведена е јавна набавка за Селекција, почетна обука и обука за ADI TWR рејтинг за 8 кандидати по завршување на која М-НАВ АД Скопје склучи договор со најповолниот понудувач, економскиот оператор GATE Aviation Training APSод Данска.
За да обезбеди ефикасно и транспарентно спроведување на процесите, во „М-НАВ“ А.Д. – Скопје донесе Акционен план за регрутација и селекција на кандидати за контролори на летање .
Комисијата за разгледување на поднесените пријави за јавниот оглас ги разгледа поднесените пријави и заклучи дека од вкупно 247 (двеста четириесет и седум) пријави по јавен оглас 3/2022, 243 (двеста и четириесет и три) пријави ги исполнуваат бараните услови.
Бидејќи бројот на пријавени кандидати беше над 200 пријавени се спроведе тест за предселекција од страна на GATE Aviation Training APS во соработка со Комисијата после кој најдобрите се подложија на тестирање со FEAST тестот.
Тестот за предселекција се состоеше од три модули – Англиски јазик, ориентација во простор и критичко размислување (English, Spatial Reasoning and Critical Thinking). Комисијата за селекција на кандидати од М-НАВ учествуваше во работата и го следеше целиот процес кој се спроведуваше на локација обезбедена од страна на економскиот оператор (ФЕИТ). Тестот за предселекција се полагаше на компјутер и резултатите се добиваа електронски веднаш по завршување на тестот. Од предселекционото тестирање се направи ранг листа од сите кандидати кои се појавија на тестирањето и го полагаа тестот, вкупно 225 кандидати.
Согласно акционен план најдобрите кандидати од предселекцијата продолжија со тестирање со FEAST тестот(I, II,III).
FEAST I тестот го полагаа 166 кандидати, од вкупниот број тестот го положија 55 кандидати.
Од 55 кандидати FEAST II тестот го положија 13 кандидати.
Овие 13 кандидати го поминаа и FEAST III делот од тестот и со истите се спроведоа интервјуа од страна на економскиот оператор согласно нивни процедури, со користење на соодветно обучен психолог. По спроведените селекциони етапи од страна на економскиот оператор согласно Договорот за јавна набавка (предселекција, тестирање со FEAST тест, интервју со успешните кандидати) GATE Aviation Training APS достави ранг листа на најуспешните кандидати .
Согласно Акционен план е предвидено кандидатите да бидат упатени на лекарски прегледи за класа 3 во Воздухопловно- медицински центар кој е овластен да спроведува првични медицински прегледи за класа 3, а трошоците за лекарските прегледи да бидат на товар на „М-НАВ“ А.Д.-Скопје.
Лекарските прегледи беа закажани во воздухопловниот медицински центар во Софија бидејќи во Република Северна Македонија нема овластен медицински центар за спроведување на првични медицински прегледи за класа 3.
Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје по разгледување на целокупниот извештај за спроведената селекција на кандидатите доставен од страна на Комисијата донесе Одлуката со која го прифати изборот од Комисијата за селекција на кандидати за контролори на летање.
М-НАВ Ад Скопје објавува дека следните кандидати ќе се упатат на почетна обука и обука за ADI TWR во школскиот центар за обука GATE Aviation Training APS во Данска.
- Марко Колеќески
- Ана Јовкоска
- Дорарт Амбари
- Стефан Константиновиќ
- Петрит Ајдини
- Иван Попов
- Блерим Лесковица
- Дино Доминик Бјондиќ,
На селектираните кандидати им посакуваме успешна обука.