Република Северна Македонија како членка на НАТО во мај месец 2022 година ја реализираше воената вежба SWIFT RESPONSE 2022 на армискиот полигон Криволак во која беа опфатени комбинирани воздушни активности во падобранството, слетување со хеликоптер и авиони со учество на вооружените сили на осум земји членки на НАТО.
М-НАВ АД Скопје како давател на услуги на воздухопловната навигација по повод овој настан се стекна со Благодарници за учество и придонес во вежбата SWIFT RESPONSE 2022.
Со ова М-НАВ доби уште признанија за одличната соработката со низа организации во областа на воздухопловството.