На 22 февруари 2023 година во Охрид , г-дин Fahrudin Hamidi ,Претседател на Управен Одбор и Извршен Директор во СВН присуствуваше на церемонијата на потпишување на Спогодбата за потрага и спасување во областа на воздухопловството помеѓу земјите членки на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC).

Четири земји членки на RASARAC вклучувајќи ги Република Северна Македонија, Република Србија, Република Црна Гора и Република Словенија ја потпишаа оваа Спогодбата.

Раководство на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC) од страна на Република Црна Гора оваа година преминува на Република Северна Македонија, воедно Република Албанија како земја набљудувач потпиша Меморандум за соработка со надеж во блиска иднина да стане членка на овој Комитет .

Свое обраќање имаше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој истакна дека регионалната соработка е од исклучително значење за поставување на високо професионални стандарди во цивилното воздухопловтсво Република Северна Македонија од 2016 година е член на регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловтсо (RASARAC) .

Kомитетот се состои од претставници на земјите членки Република Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Црна Гора, Република Северна Македонија, Република Србија, Република Словачка и Република Словенија.