Иднината на временските услови, климата и водата низ генерациите

Живееме на планета на која се е меѓусебно поврзано. Ја споделуваме Земјата која има една атмосфера и еден глобален  океан.

Нашиот метеоролошки, климатски и воден циклус не познава ниту национални ниту политички граници. Меѓународната соработка е од особена важност. Оваа филозофија ја иницираше работата на светската метеоролошка заедница од 1873 година и истата ќе претставува водилка за преточување на науката во услуги кои му се потребни на општеството за сегашните и идните генерции.

Светскиот ден на метеорологијата 2023 се одржува за време на 150 годишнината на Светската метеоролошка организација. Акцентот е на достигнувањата во минатото, сегашниот развој и идниот потенцијал – од појавата на телеграфите кон крајот на 19тиот век и прогнозите наменети за морскиот сообраќај, па се до суперкомпјутерите и равојот на вселенската технологија.

Низ годините, Националните метеоролошки и хидролошки служби работат деноноќно на собирање и стандардизирање податоци кои ги поткрепуваат метеоролошките прогнози кои денес ги земаме „здраво за готово“. Историјата на размена на податоци при Светската метеоролошка организација испишува извонредна сторија за научната визија, техонолошкиот развој и пред се за единствениот систем на соработка кој има за цел да му служи на општеството.

Годишнината, исто така служи и како потсетник за промените на климата. Меѓународната метеоролошка организација – организација претходник на Светската метеоролошка организација – беше основана во 1873 година во време кога штотуку започна загадувањето од индустриските и човечките активности.

Како резултат на стакленичките гасови кои ја задржуваат топлината, просечната глобална температура сега е повисока за 1ᴼ Целзуисов во споредба од пред 150 години. Нашите метеоролошки услови се поекстремни, нашиот глобален океан е потопол и покисел, морското ниво е повисоко, а глечерите и мразот се топат. Промените се одвиваат со побрза стапка. Потребно е итно да се преземе нешто за да се намалат емисиите и да се осигураме дека идните генерации можат и да преживеат и да опстанат на нашата планета.

Добра вест е дека со брзиот научен и технолошки напредок во голема мера е зголемена точноста на временските прогнози и на раните предупредувања кои спасуваат човечки животи. Обемните податоци се разменуваат послободно во пошироката заедница од кога било досега, а достапни се и нови алатки вклучувајќи машинско учење и вештачка интелегенција.

Постигнат е значителен напредок за следење, симулирање и планирање на глобалните климатски услови за поддршка на донесувањето одлуки.

Нашиот метеоролошки, климатски и хидролошки циклус ќе биде различен во иднина споредено со оној од минатото. Временските, климатските и хидролошките услуги ќе ни помогнат да се справиме со соодветните предизвици и да ги искористиме можностите.