Претседателот на Управниот одбор и Извршен Директор на Секторот за воздушна навигација (ANS), г-дин Фахрудин Хамиди, учествуваше на 2-от CANSO Europe COO форум што се одржа во Цирих на 7-ми ноември. Настанот, организиран од Skyguide OPS Centre, ги зближи индустриските лидери за решавање на клучните прашања како што е менаџирањето на работната сила и предизвиците за развој на КЛ (ATCO) , вклучувајќи ги стратегиите за регрутирање и непосредната потреба за привлекување нови таленти во секторот.
Сеопфатната дискусија, исто така, ги истражи трансформативните идеи за идната обука и лиценцирање на КЛ (ATCO), кои произлегуваат од подобрената ефикасност на обуката, технолошкиот напредок, работните услови и распоредот за работа, меѓу другите теми поврзани со менаџирање на работните места на КЛ (ATCO).
Со непоколеблива посветеност, M-NAV цврсто настојува кон обезбедување на ефикасни воздухопловни услуги преку континуирана поддршка и извонредни програми за обука за своите контролори на летање.