Денес, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со заменик министерот, и државниот секретар, остварија работна посета на нашето Друштво, каде заедно со менаџментот nна М-НАВ извршија увид на новата АТМ опрема, чие поставување е во тек.
Со набавката на новиот АТМ систем, се овозможува одржување на безбедноста на највисоко ниво, усогласеност со најновите технолошки стандарди, ќе придонесува за подигнување на капацитетите, зголемување на ефикасноста на целиот систем и воедно ќе овозможи способност за успешно справување со зголемен обем на сообраќај
Министерот Бочварски оствари и средба со претставници на синдикатите при М-НАВ како дел од заедничкиот договор за постојана координација и средби со цел реализирање на преземените обврски од вете страни.