Во врска со последната изјава од ССКЛ (Струков синдикат на контролори на летање) дека УО на М-НАВ Ад Скопје не го почитува Договорот со распишување на огласи за вработување на несуштински кадар Ве известуваме дека се неточни и дека објавените огласи се во согласност со финансискиот план за 2023 година, одобрен од Влада на РСМ и добиена согласност од Министерството за Финансии. Запазени се законските рокови утврдени во законот за работни односи и огласите се со рок за пријавување од 10 дена а не се со рок од 2 дена како што е изнесено во јавноста од страна на претседателот на ССКЛ.
Во однос на изјавата дека Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје објавува огласи за несуштински профили истото категорично го отфрламе како неосновано бидејќи ни се потребни кандидати од професионален,оперативен профил, инженери, техничари и метео персонал, оператор во центар за одобрување на летови, преведувач од македонски на албански јазик што е законска обврска која произлегува од законот за употреба на јазиците. Потребата за деловен асистент во секторот за воздухопловна навигација и самостоен советник-сметководител во одделение за финансии е неопходна. Но оглас за самостоен советник во одделение за човечки ресурси НЕ е објавен.
Огласите се објавени во две печатени медиуми Коха и Вечер со рок за објава 10 дена ( не сметајќи го денот на самото објавување), тие се јавни и на истите може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите.
Воедно би сакале да ја информираме јавноста дека на денешен ден 18.12.2023 год. нашето друштво има испратено допис-ургенција до Агенцијата за вработување на РСМ да се произнесе во однос на нивниот пропуст со објавени огласи со рок од 2 дена, спротивно на нашиот определен рок од 10 дена.
УО на М-НАВ АД Скопје