Средба на Извршните директори на М-НАВ, Тасески и Салмани со директорот на АЦВ, Тунтев

Средба на Извршните директори на М-НАВ, Тасески и Салмани со директорот на АЦВ, Тунтев

На 16 јануари, Претседателот на управниот одбор на М-НАВ и Извршен директор на СВН, Г-дин Николче Тасески и Членот на управниот одбор на М-НАВ и Извршен директор на Секторот за финансиски и правни работи, развој и инвестиции, Г-дин Миѓен Салмани остварија работна средба со новоназначениот Директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев.

На средбата двете страни изразија целосна подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка меѓу воздухопловниот регулатор и давателот на услуги за воздухопловна навигација, во насока на зголемување на безбедноста на воздушниот сообраќај над македонското небо и унапредување на националниот воздушен сообраќај.

Исто така, првиот човек на АЦВ, д-р Томислав Тунтев ги информираше своите соговорници од М-НАВ за постапката за донесување на измени и дополнувања на Законот за воздухопловство, со кои ќе се обезбеди усогласување на националната воздухопловна легислатива со најновите меѓународни стандрарди и препорачани практики на ИКАО.

Од посебно значење е максималната сериозност како на регулаторот така и на давателот на услуги за воздухопловна навигација во зацврстувањето на меѓусебната соработка во сите сегменти со цел ефикасно опслужување на предвиденото зголемување на воздушниот сообраќај во престојниот период и навремено исполнување на сите обврски кон релевантните меѓународни организации и институции од областа на воздушниот сообраќај и транспорт.

Првите луѓе на овие две организации потврдија дека ќе настојуваат соработката меѓу М-НАВ и АЦВ да се унапреди, но и ги потврдија заложбите за интензивирана соработка во сите области од взаемен интерес со цел давање на безбедни, ефикасни и редовни услуги во системот за воздухопловна навигација. Со цел да се задржи чекорот во интегративните оперативни процеси на иницијативата Единствено европско небо, беше истакнато дека е неопходен заеднички и координиран настап на двете организации и нивно активно учество во тековните иницијативи, проекти и развојни програми на меѓунаордните воздухопловни организации.

М-НАВ потпиша договор за набавка на  најсовремен систем за контрола на летање

М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летање

М-НАВ, денес, потпиша договор со производителот „ЛЕОНАРДО‟ од Италија за набавка и инсталација на најсовремен систем за контрола на летање (Аir traffic management – ATM), вклучувајќи и за техничко оперативна сала за истиот.
Процесот на набавка се одвиваше во согласност со политиките и процедурите за набавка на ЕБОР и истиот беше следен и одобрен од нивна страна. Со потпишувањето на договорот, овој долготраен и комплексен процес, денес беше успешно реализиран.

ATM Системот е примарен систем на контролата на летање, преку кој се остварува основната услуга на М-НАВ, т.е. давање на услуги на воздухопловна навигација во воздушниот простор на Република Македонија. Новиот АТМ систем овозможува одржување на безбедноста на највисоко ниво, усогласеност со најновите технолошки стандарди, придонесува за подигнување на капацитетите, зголемување на ефикасноста на целиот систем и воедно ќе овозможи способност за успешно справување со очекуваниот зголемен обем на сообраќај.

Потпишување на договор со "Leonardo"

Потпишување на договор со "Leonardo"

Потпишување на договор со "Leonardo"

Безбедноста на македонското небо не е доведена во прашање

Безбедноста на македонското небо не е доведена во прашање

АД М-НАВ ги отфрла како невистинити последните информации пренесени во повеќе печатени и електронски медиуми, како и изјавите на одредени претставници на синдикати и политички партии.

Одговорно тврдиме и ги демантираме последните шпекулации, во ниту еден момент безбедноста на македонското небо не е доведена во прашање. Ова тврдење е поткрепено од фактот дека сите надлежни институции задолжени за постојан надзор на нашето работење, како Владата, Агенцијата за цивилно воздухопловство и светските релевантни воздухопловни власти, меѓу кои Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација – Еуроконтрол, Интернационалната организација за цивилно воздухопловство и Европската организација за одржување на безбедноста на авио сообраќајот го поддржуваат и поздравуваат постојаниот напредок и начинот на функционирање на АД МНАВ.

М-НАВ бележи раст на приходите од три милиони евра поради зголемувањето на воздушниот сообраќај за околу 15 отсто (прелети и полетувања/слетувања Скопје и Охрид), кој е опслужен со истите човечки ресурси како и претходно, но со имплементација на голем број новитети и поддршка на Еуроконтрол.

Во август годинава два пати го срушивме рекордот на прелети над нашето небо, кој достигна бројка од 1.028. Покрај одличните финансиски резултати без никаква забелешка по 10 години се спроведе селекција на нови контролори на летање, според највисоки стандарди и во координација со сите релевантни европски институции во воздухопловството, токму со цел одржување на безбедноста на највисоко ниво. Сите нови вработувања во периодот од година и пол се спроведени согласно позитивните законски прописи и притоа се работи за искусни контролори на летање кои се вратија од Швајцарија и Србија, како и искусни инженери. Оние вработувања кои се во административниот дел, се како резултат на пензионирања и зголемен обем на работа, а истите се неопходни за реализацијата на проектите за модернизација на системот за контрола на летање, кои се пролонгирале повеќе од пет години.

Во врска со написите за преселување на дел од вработените под кирија во други простории, компанијата потенцира дека настанатата состојба со канцелариите во Палатата „Лазар Поп Трајков” е последица на недоговорната усна наредба на претходниот менаџмент во М-НАВ, кој по насока на претходната влада ги префрлил сите вработени во објект каде нема технички прием.

Поради горенаведеното се до обезбедувањето решение за технички прием, новото раководство размислуваше за изнајмување на привремени простории, но идејата не се реализираше.

Состанок со ANSA Косово

Состанок со ANSA Косово

На 12ти ноември 2018г., Претседателот на Управниот Одбор во М-НАВ и Извршен Директор на СВН – Г-дин Николче Тасески, Извршниот Директор за финансиски и правни работи, развој и инвестиции – Г-дин Миѓен Салмани и Г-дин Климент Чепуњоски – Извршен Директор на СВТ, во седиштето на М-НАВ во Скопје одржаа состанок со членовите на менаџментот на Kosovo ANSA, предводени од Г-дин Бахри Нуредини, Генерален Директор.
На состанокот овие соседни даватели на услуги за воздухопловна навигација разговараа за регионалниот развој и соработка во полето на давање на услуги за воздухопловна навигација, за имплементацијата на PBN а се разговараше и за соработка во областа на безбедноста како и за можностите за размена на радарски податоци. Во текот на состанокот а во однос на сите теми за кои се разговараше, М-НАВ и понуди на ANSA целосна подршка и експертиза, се со цел подобрување на обезбедувањето на услуги за воздухопловна

Состанок со ANSA Косово

Состанок со ANSA Косово

Состанок со ANSA Косово

Претставници од М-НАВ на EC3/65 состанок во Брисел

Претставници од М-НАВ на EC3/65 состанок во Брисел

После зачленувањето на АД М-НАВ во CANSO во јуни 2018г., Извршниот Директор на М-НАВ и Претседател на УО, Г-дин Николче Тасески и Заменик Извршниот Директор на СВН, Г-ца Ирена Каличанин учествуваа на EC3/65 состанокот кој се одржа во седиштето на CANSO Europe во Брисел на 29.10.2018г. На состанокот на кој учествуваа Извршни Директори (CEOs) од голем број на даватели на услуги на воздухопловна навигација, Г-динот Тасески одржа поздравен говор со кој ја претстави компанијата и подвлече дека М-НАВ и покрај тоа што е мал давател на услуги на воздухопловна навигација бележи еден од најголемите нагорни трендови во однос на покачувањето на обемот на воздушниот сообраќај во Европа, односно во минатата година забележан е раст на воздушниот сообраќај од повеќе од  17% на бројот на прелети, и 7% на сообраќајот во терминалната област, додека оваа година досега растот на воздушниот сообраќај е околу 12% како во однос на бројот на прелети така и на сообраќајот во терминалната област.

Понатаму тој ги изрази своите очекувања во однос на бенефитите кои ќе ги добие АД М-НАВ со членството во CANSO Europe.

„Mојата држава се стреми за влез во ЕУ во блиска иднина, но сепак, ние како потписници на договорот за европска заедничка воздухопловна област, она што особено го очекуваме од членството во CANSO Europe е нашиот глас да биде слушнат, односно CANSO да го представува гласот на АТМ индустријата во Европа и  да ги застапува пред европските институции интересите на давателите на услуги на воздухпловна навигација, како и да го насочува развојот и имплементацијата на европската легислатива.  Понатаму,  очекуваме од страна на CANSO Europe да ја координира и промовира примената на најдобрите практики на давателите на услуги на воздухопловна навигација во регионот”.

На EC3/65 состанокот се презентираа интерни теми односно стратешките цели и приоритети на CANSO EUR, се дискутираше за капацитетот на воздушниот простор, се  даде предлог буџетот  за 2019г. и идните сценарија за него, исто така се наведоа и придбивките  од CANSO- Eurocontrol/NM состанокот на високо ниво и сл. Посебно беше разгледано како CANSO EUR  ќе придонесе за визијата за европскиот воздушнен простор како што се Architecture Airspace Study,  SES Wise Person Group, а на крај од состанокот се разгледуваа и CANSO глобалните активности.

CANSO

Обука на Контролори на летање за текнување на АPS овластување во БУЛАТСА

Обука на Контролори на летање за текнување на АPS овластување во БУЛАТСА

АД М-НАВ продложува со создавањето на стручно оспособен и квалификуван воздухопловен персонал. Петмина аеродромски инструментални контролори на летање ќе се обучуваат за стекнување на овластување за надзорна приодна контрола на летање, тие ќе се обучуваат во центарот за обука на BULATSA кој е еден од најреномираните европски центри за обука каде студентите стручно се оспособуваат со согласност со стандардите и препораките на ИКАО и Евроконтрол.
Во правец на воспоставување и зајакнување на односите, на 17ти октомври во БУЛАТСА, двете страни, застапувани од Г-дин Николче Тасески – Претседател на Управен Одбор во М-НАВ и Извршен Директор во СВН и Г-дин Георги Пеев – Генерален Директор на БУЛАТСА потпишаа договор за јавна набавка на следната услуга, Обука за КЛ за APS овластување.