Со Министерството за одбрана и ЕВН ја подигнуваме безбедноста на авиосообраќајот

Со Министерството за одбрана и ЕВН ја подигнуваме безбедноста на авиосообраќајот

Соработка на М-НАВ, Министерството за одбрана и ЕВН за одржување на стабилна работа на уредите за прецизно наведување на авионите

На 06,03,2025 година, М-НАВ, Министерството за одбрана и ЕВН договорија соработка за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на уредите на планинскиот врв Солунска глава. На надморска височина над 2.500 метри, како резултат на променливи временски услови може да дојде до нарушување во снабдувањето. За да се избегнат предизвици поврзани со контролата на летовите, трите институции денеска одржаа координативен состанок.

“Стабилноста на работењето на уредите за прецизно наведување на авионите е исклучително важна за безбедноста на авиосообраќајот. До сега овој сегмент бил запоставен и игнориран. Новото раководство на М-НАВ се заложи и овој сегмент од работењето на Компанијата да не биде маргинализиран. Согласно препораките на меѓународните и домашните воздухопловни власти, работиме на подигнување на безбедноста на авиосообраќајот на повисоко рамниште во соработка со другите релевантни чинители, посебно АРМ и МВР“, рече Климент Чепуњоски, извршен директор за сектор за воздухопловна техника во М-НАВ и член на Управниот одбор.

М-НАВ, Министерството за одбрана и ЕВН договорија одржување на редовни координативни средби.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОРНА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД

Врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр.41-7644/4 од 17 декември 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.258 од 18 декември 2024 година), Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје, објавува

 

Јавен повик

За избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, на движни ствари – опрема кои се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат како такви и истите не се користат од страна на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје

 

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Рокот за превземање не треба да биде подолг од 10 (десет) работни дена.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од следните локации:

– Простории на „М-НАВ“ А.Д. Скопје – контрола на летање ул.Босфор бр.7, Мралино, Илинден и
– Метален контејнер во близина на КЛ Охрид – Аеродором Свети Апостол Павле Охрид

И истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лице за контакт во врска со јавниот повик: Игор Андреевски, телефон за контакт 070/210-680, електронска адреса: igor.andreevski@mnavigation.mk

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се превземе од веб страната Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 03.03.2025 година до 15:00 часот.

Управен одбор

Владимир Ристески – Претседател на Управен одбор

_____________________________________

Климент Чепуњоски – Член на Управен одбор
_____________________________________

Buran Aliti – Член на Управен одбор /Anëtar i Këshillit Drejtues

__________________________________

Јавен повик за избор на правно лице за собирање на отпад (pdf документ)

Линкот за Инструкција по јавен повик

М-НАВ АД Скопје и SMATSA LLC потпишаа нов Договор за ниво на услуга (Service Level Agreement SLA) за заедничка употреба на податоци од радарски сензори.

М-НАВ АД Скопје и SMATSA LLC потпишаа нов Договор за ниво на услуга (Service Level Agreement SLA) за заедничка употреба на податоци од радарски сензори.

SMATSA LLC, претставувана од г. Предраг Јовановиќ, извршен директор, и М-НАВ, претставувана од г. Милан Кораќ, претседател на Управниот одбор, г. Хекуран Асани, член на Управниот одбор, и г. Хасим Деари, PhD, член на Управниот одбор, на 17.09.2024 потпишаа нов Договор за ниво на услуга (SLA) според насоките на Eurocontrol за SLA.

Примарната цел на оваа нова SLA спогодба е да се подобри меѓусебната соработка преку билатерална размена на податоци. Со подобрување на покриеноста на радарот и достапноста на радарските податоци во Регионите за информации за летови (FIR) под одговорност на двата ANSP-а, оваа нова спогодба го зголемува квалитетот и достапноста на податоците за надзор обезбедени од двете организации.

Новата SLA спогодба воведува функционални подобрувања кои ќе го прошират покривањето на надзорот и ќе обезбедат дополнителни податоци од сензорите, со што ќе се подобри способностa да се согледа, разбере и ефективно да се одговори на дадената ситуација како алатка за поддршка на контролорите на воздушниот сообраќај.

РЕКОРДЕН БРОЈ НА ЛЕТОВИ НАД МАКЕДОНСКОТО НЕБО

РЕКОРДЕН БРОЈ НА ЛЕТОВИ НАД МАКЕДОНСКОТО НЕБО

На веќе завршената летна  сезона би сакаме да потенцираме одлични резултати во авио сообраќајот!Во летните месеци, јуни, јули и август опслуживме вкупно 101,621 операции.Само во месец Август 33485 прелети, покачување од 10,1% споредено со истиот месец минатата година и покачување од 22% споредено со истиот месец 2019 година.

Голема благодарност до нашите колеги за нивната напорна работа и посветеност. Горди и посветени на обезбедување на сигурни и ефикасни услуги во воздухопловниот сообраќај и оддржување на безбедно небо над нашата држава.

СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТЕОРОЛОГИЈАТА 23 МАРТ 2024 ГОДИНА

СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТЕОРОЛОГИЈАТА 23 МАРТ 2024 ГОДИНА

TEMA: НА ПРВАТА ЛИНИЈА НА КЛИМАТСКИТЕ АКТИВНОСТИ

Климатските промени се реална и непобитна закана за целата наша цивилизација. Ефектите се веќе видливи и ќе бидат катастрофални доколку не дејствуваме веднаш. Затоа, темата на Светскиот ден на метеорологијата 2024 година е „На првата линија на климатските активности“.

Климатските активности значат различни нешта за различни луѓе. Но, сите се согласуваат дека тие активности се неопходни, итни и значат повик за сите. Сите ние мора да делуваме во иста насока. Нашите метеоролошки и хидролошки заедници собираат, споделуваат и анализираат податоци за времето, водата и животната средина. Овие податоци се основата за да се разбере што се случува со климата во моментов и како таа се менува.

Како прашање на приоритет, хидрометеоролошките служби ширум светот се ангажирани во подобрувањето на нивните системи за рано предупредување, кои пак, се основата на адаптацијата и намалувањето на ризикот од катастрофи. Сепак, денес многу земји не се во можност да ги дадат овие рани предупредувања за да ги заштитат своите луѓе. Ова е причината зошто, како дел од глобалната заедница, СМО ја започнува иницијативата „Рани предупредувања за сите“. Секој човек на Земјата треба да има пристап до навремени и меродавни информации за временските и климатските ризици до крајот на 2027 година.

Климата и времето влијаат на речиси секоја активност, a информациите за времето и климата го поттикнуваат економскиот раст. Треба да направиме повеќе за да ја претвориме климатската наука во услуги. И треба овие климатски услуги да ги направиме подостапни за сите и да ги користиме поефикасно.

На Светскиот ден на метеорологијата, Националните метеоролошки и хидролошки служби заземаат централно место. Тие се клучни за намалување на ризикот, развој, адаптација, ублажување и одржливост. Нивната експертиза мора да се вклучи во политиката на високо ниво за климатските активности. Соочени со невидени еколошки предизвици, ние метеоролозите не сме обични набљудувачи. Наместо тоа, ние сме повикани да бидеме менувачи на играта. Нашата улога како научници и застапници за планетата никогаш не била поклучна.

Заедно стоиме на првата линија на климатските активности додека го прифаќаме патувањето преку соработка и иновации, користејќи колективна експертиза за да ги надминеме предизвиците и да ја постигнеме нашата заедничка визија за побезбеден и поотпорен свет за идните генерации – свет во кој децата напредуваат во хармонија со природата.

М-НАВ АД Скопје со Благодарница за успешни  резултати во авиособраќајот во оваа 2023 година

М-НАВ АД Скопје со Благодарница за успешни  резултати во авиособраќајот во оваа 2023 година

На 27.12.2023, Министерот Бочварски оствари работна посета на М-НАВ АД Скопје на тема развој и нашите идни планови во авио сообраќајот..

М-НАB бележи една од најуспешните години  по бројот на прелети над нашата државата со зголемување од 26,5 % споредено со 2019 година и зголемување од 13,4 % споредено со 2022 година.

Изразено во бројки, во 2022 година вкупно преку нашето небо имало 204.000 прелетувања, додека до крај на годината очекувањата се дека бројката ќе достигне преку 230.000 прелетувања.

Во однос на вкупните операции во воздухопловството оваа 2023 година имаме зголемување од 25 проценти во однос на 2019 година, односно 17,3 проценти споредено со 2022 година.

По овој повод Министерот Бочварски додели Благодарница на Менаџментот на М-НАВ за овој придонес на одлично остварени резултати во авиосообраќајот.

Остануваме посветени  и понатаму за подобрување и обезбедување на сигурни и ефикасни услуги во воздухопловниот сообраќај и секако реализација на примарната задача, а тоа е оддржување на безбедно небо.