М-НАВ cо презентација на VFR Карта на РСМ

М-НАВ cо презентација на VFR Карта на РСМ

Во Клубот на пратениците, 06.12.2023 година, со почеток во 10:00 часот, беше презентирана првата работна верзија на VFR карта на Република Северна Македонија.

Картата е целосно изработена во М-НАВ, користејќи содржини добиени од Агенцијата за катастар на недвижности, воздухопловни податоци публикувани во Зборникот на воздухопловни информации, податоци за препреки добиени од АЦВ и редевните геодетски мерења кои М-НАВ ги извршува секоја година, како и податоци добиени пресметка согласно ICAO стандардите содржани во ICAO DOV 8168.

На работниот состанок учествуваа претставници од:

  • Дирекција за заштита и спасување
  • МВР
  • вВИНГ – АРМ
  • Министерство за одбрана
  • КИНСИВ
  • Воздухопловна федерација
  • АК Штип
  • АК Скопје

Министерот Бочварски во посета на М-НАВ

Министерот Бочварски во посета на М-НАВ

Денес, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со заменик министерот, и државниот секретар, остварија работна посета на нашето Друштво, каде заедно со менаџментот nна М-НАВ извршија увид на новата АТМ опрема, чие поставување е во тек.

 Со набавката на новиот АТМ систем, се овозможува одржување на безбедноста на највисоко ниво, усогласеност со најновите технолошки стандарди, ќе придонесува за подигнување на капацитетите, зголемување на ефикасноста на целиот систем и воедно ќе овозможи способност за успешно справување со зголемен обем на сообраќај

 Министерот Бочварски оствари и средба со претставници на синдикатите при М-НАВ како дел од заедничкиот договор за постојана координација и средби со цел реализирање на преземените обврски од вете страни.

М-НАВ  cо учество  2-риoт CANSO EUROPE COO форум

М-НАВ cо учество 2-риoт CANSO EUROPE COO форум

Претседателот на Управниот одбор и Извршен Директор на Секторот за воздушна навигација (ANS), г-дин Фахрудин Хамиди, учествуваше на 2-от CANSO Europe COO форум што се одржа во Цирих на 7-ми ноември. Настанот, организиран од Skyguide OPS Centre, ги зближи индустриските лидери за решавање на клучните прашања како што е менаџирањето на работната сила и предизвиците за развој на КЛ (ATCO) , вклучувајќи ги стратегиите за регрутирање и непосредната потреба за привлекување нови таленти во секторот.

Сеопфатната дискусија, исто така, ги истражи трансформативните идеи за идната обука и лиценцирање на КЛ (ATCO), кои произлегуваат од подобрената ефикасност на обуката, технолошкиот напредок, работните услови и распоредот за работа, меѓу другите теми поврзани со менаџирање  на работните места на КЛ (ATCO).

Со непоколеблива посветеност, M-NAV цврсто настојува кон обезбедување на ефикасни воздухопловни услуги  преку континуирана поддршка и извонредни програми за обука за своите контролори на летање.

Успешно завршена обука за Аеродромска контрола на летање

Успешно завршена обука за Аеродромска контрола на летање

Селектираните 8-мина кандидати за стекување на дозвола за контолори на летање успешно ја завршија теоретската и практичната обука за аеродоромска контрола на летање (ADI/TWR) во школскиот центар GATE Aviation Training APS во Данска.

М-НАВ им честира на студентите КЛ за постигнатиот успех и им посакува успешен понатамошен развој на нивната кариера.

Светски ден на метеорологијата – 23 март 2023

Светски ден на метеорологијата – 23 март 2023

Иднината на временските услови, климата и водата низ генерациите

Живееме на планета на која се е меѓусебно поврзано. Ја споделуваме Земјата која има една атмосфера и еден глобален  океан.

Нашиот метеоролошки, климатски и воден циклус не познава ниту национални ниту политички граници. Меѓународната соработка е од особена важност. Оваа филозофија ја иницираше работата на светската метеоролошка заедница од 1873 година и истата ќе претставува водилка за преточување на науката во услуги кои му се потребни на општеството за сегашните и идните генерции.

Светскиот ден на метеорологијата 2023 се одржува за време на 150 годишнината на Светската метеоролошка организација. Акцентот е на достигнувањата во минатото, сегашниот развој и идниот потенцијал – од појавата на телеграфите кон крајот на 19тиот век и прогнозите наменети за морскиот сообраќај, па се до суперкомпјутерите и равојот на вселенската технологија.

Низ годините, Националните метеоролошки и хидролошки служби работат деноноќно на собирање и стандардизирање податоци кои ги поткрепуваат метеоролошките прогнози кои денес ги земаме „здраво за готово“. Историјата на размена на податоци при Светската метеоролошка организација испишува извонредна сторија за научната визија, техонолошкиот развој и пред се за единствениот систем на соработка кој има за цел да му служи на општеството.

Годишнината, исто така служи и како потсетник за промените на климата. Меѓународната метеоролошка организација – организација претходник на Светската метеоролошка организација – беше основана во 1873 година во време кога штотуку започна загадувањето од индустриските и човечките активности.

Како резултат на стакленичките гасови кои ја задржуваат топлината, просечната глобална температура сега е повисока за 1ᴼ Целзуисов во споредба од пред 150 години. Нашите метеоролошки услови се поекстремни, нашиот глобален океан е потопол и покисел, морското ниво е повисоко, а глечерите и мразот се топат. Промените се одвиваат со побрза стапка. Потребно е итно да се преземе нешто за да се намалат емисиите и да се осигураме дека идните генерации можат и да преживеат и да опстанат на нашата планета.

Добра вест е дека со брзиот научен и технолошки напредок во голема мера е зголемена точноста на временските прогнози и на раните предупредувања кои спасуваат човечки животи. Обемните податоци се разменуваат послободно во пошироката заедница од кога било досега, а достапни се и нови алатки вклучувајќи машинско учење и вештачка интелегенција.

Постигнат е значителен напредок за следење, симулирање и планирање на глобалните климатски услови за поддршка на донесувањето одлуки.

Нашиот метеоролошки, климатски и хидролошки циклус ќе биде различен во иднина споредено со оној од минатото. Временските, климатските и хидролошките услуги ќе ни помогнат да се справиме со соодветните предизвици и да ги искористиме можностите.

Продолжува школувањето на 8те кандидати за стекнување дозвола за контролор на летање

Продолжува школувањето на 8те кандидати за стекнување дозвола за контролор на летање

На 27 Февруари 2023 година ,селектираните 8-мина  кандидати за стекување на дозвола за контолори на летање започнаа со практичниот дел од обуката за овластување за аеродоромска контрола на летање со придружно овластување кула (ADI/TWR) во школскиот центар GATE Aviation Training APS во Данска.

Според планот, овој дел од обуката што се спроведува во Данска треба да заврши на 05.05.2023 година.

Им посакуваме успех на кандидатите.