М-НАВ со нов професионален рекорд – рекорден број на летови над македонското небо – Обновено

М-НАВ со нов професионален рекорд – рекорден број на летови над македонското небо – Обновено

Оваа летна сезона М-НАВ по трет пат го сруши рекордот на бројот на летови над македонското небо! Првиот пат на 29ти Јуни оваа година кога беа забележани вкупно 1042 летови, потоа на 06ти Јули кога се забележани вкупно 1091 лет, и по трет пат, минатата сабота, 10ти Август со вкупно 1 113 лет, односно 1040 прелети и 73 полетувања/слетувања од нашите аеродроми во Скопје и Охрид.

Како и минатата година, и оваа, минатогодишниот рекорд беше за првпат надминат во последната сабота од месец Јуни. Дотогашниот рекорд остварен минатата година на 11ти Август 2018 изнесуваше вкупно 1028 лета со што рекордот прво беше надминат за 14 лета, на 6ти Јули за 63 лета, и сега на 10ти Август за 85 лета.
Притоа при остварувањето на овие рекорди не е продуцирана ниту минута задоцнување за корисниците на нашиот воздушен простор.

Трендот на континуиран раст на сообраќајот продолжи и во првата половина на 2019 година кога е забележан раст од 18.5% на вкупниот сообраќај. Во првите шест месеци од 2019 година М-НАВ има реализирано вкупно 97 883 oперации наспроти 82 619 операции во 2018 година.
Споредено со 2017 година растот изнесува 34%, а во однос на 2016 дури 59.3%.

Месец со најголем раст на вкупниот сообраќај е месец Февруари со вкупен раст од 25,7% на месечно ниво споредено се претходната година.

Tрендот на континуиран раст на сообраќајот се очекува да продолжи и во текот на остатокот од годината.

Одржувањето на професионалното ниво и залагање на вработените во М-НАВ го овозможи целиот овој пораст и допринесува кон фактот дека овој пораст е остварен со истиот број на оперативни контролори на летање во последните 10 години, но за континуирано одржување на перформансите со нетрпение ги очекуваме новите колеги кои се во процес на обука.

М-НАВ уште еднаш им честита и им се заблагодарува на контролорите на летање како и на сите професионалци во компанијата кои континуирано придонесувааат за остварување за раст и развој на компанијата.

Средба со Генералниот директор на EASA Патрик Ки

Средба со Генералниот директор на EASA Патрик Ки

Извршниот директор на Секторот за воздухопловна навигација, Николче Тасевски и Извршниот директор на Секторот за воздухопловна техника, Александар Палчевски на 25 јули во Скопје остварија официјална средба со првиот човек на Европската агенција за воздухопловна безбедност – EASA, Патрик Ки. Средбата се одржа во просториите на АЦВ на покана на Директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев и на истата присуствуваа и Аника Хауг, Шеф на кабинет на Извршниот директор на EASA како и менаџерите, првите луѓе на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој и Неџат Курт. Посетата на високата делегација на EASA, е од исклучителна важност за сите чинители во воздухопловната индустрија во земјава.

Директорот на EASA покажа посебен интерес за целите и предизвиците, кои пред себе ги имаат поставено воздухопловните власти, во соработка со Владата и останатите чинители на воздухопловната индустрија во земјава.

Потенцирајќи ги пак, местото и улогата на EASA во обезедувањето сигурен и безбеден европски воздушен транспорт, Ки, подвлече дека, моделот ЕASA се покажал како исклучително успешен и единствен модел во европски рамки, бидејќи, како што рече, во минатото, не постоел друг модел, освен FAA моделот на Соединетите американски држави.

Денеска, секој нов модел што се развива во светот ги презема основите од EASA. Пример се земјите од Азија и Блискиот Исток кои одлучија да се базираат на моделот на Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA), подвлече Ки.

На состанокот она што беше од особена важност за М-НАВ е директната инволвираност на Европската агенција за воздухопловна безбедност во процесот на ставање во функција на новиот АТМ систем и преку АЦВ ќе помогне кон негова безбедна и поекспедитивна имплементација. Понатака се разговараше и околу актуелните случувања во сферата на регулацијата на безпилотните летала и потребата од отворање на тренинг центар за контролори на летање, пилоти на воздухоплови и беспилотни летала, како и на друг воздухопловен персонал.

EASA ќе биде максимално посветена кон создавање услови за ваков центар по примерот на Полска каде веќе успешно функционира ваква академија.

На состанокот беше разговарано и за важноста на сајбер безбедноста и носење на регулатива во оваа област.

Средба со Генералниот директор на EASA

Средба со Генералниот директор на EASA

Средба со Генералниот директор на EASA

М-НАВ со нов професионален рекорд – рекорден број на летови над македонското небо

М-НАВ со нов професионален рекорд – рекорден број на летови над македонското небо

На почетокот од летната сезона М-НАВ по втор пат го сруши рекордот на бројот на летови над македонското небо! Првиот пат на 29ти Јуни оваа година кога беа забележани вкупно 1042 летови, и повторно вчера, 06ти Јули кога се забележани вкупно 1091 лет!

Како и минатата година, и оваа, во последната сабота од месец Јуни се надмина рекордниот број на летови од предходната година. Досегашниот рекорд остварен минатата година на 11ти Август 2018 изнесуваше вкупно 1028 лета со што рекордот прво беше надминат за 14 лета, a вчера на 6ти Јули за 63 лета!
Притоа при остварувањето на овие рекорди не е продуцирана ниту минута задоцнување за корисниците на нашиот воздушен простор.

Трендот на континуиран раст на сообраќајот продолжи и во првата половина на 2019 година кога е забележан раст од 18.5% на вкупниот сообраќај. Во првите шест месеци од 2019 година М-НАВ има реализирано вкупно 97 883 oперации наспроти 82 619 операции во 2018 година.
Споредено со 2017 година растот изнесува 34%, а во однос на 2016 дури 59.3%.

Месец со најголем раст на вкупниот сообраќај е месец Февруари со вкупен раст од 25,7% на месечно ниво споредено се претходната година.

Tрендот на континуиран раст на сообраќајот се очекува да продолжи и во текот на остатокот од годината, односно се очекува и овој поставен рекорд да биде надминат.

Одржувањето на професионалното ниво и залагање на вработените во М-НАВ го овозможи целиот овој пораст и допринесува кон фактот дека овој пораст е остварен со истиот број на оперативни контролори на летање во последните 10 години, но за континуирано одржување на перформансите со нетрпение ги очекуваме новите колеги кои се во процес на обука.

М-НАВ им честита и им се заблагодарува на контролорите на летање како и на сите професионалци во компанијата кои континуирано придонесувааат за остварување за раст и развој на компанијата и покрај притисоците од постојаната негативна кампања кон М-НАВ.

A.Д. “М-НАВ” на осмиот по ред состанок Gate One и на конференцијата “SESAR Delivering the Future of ATM Together”

A.Д. “М-НАВ” на осмиот по ред состанок Gate One и на конференцијата “SESAR Delivering the Future of ATM Together”

Извршниот директор на СВН и Претседател на Управен одбор на АД М-НАВ, Г-дин Николче Тасески, на 3 јуни во Букурешт присуствуваше на осмиот по ред Gate One состанок заедно со Извршните директори на 13 даватели на услуги за воздухопловна навигација кои се членки на Gate One Coordination Platform. На еден од најзначајните состаноци во воздухопловната индустрија се дискутираше за моментално најсензитивните теми за европскиот АТМ и притоа се утврдија заеднички ставови по однос на Аirspace Architecture Study и Wise Persons Group Report, документи кои имаат клучна улога за идната организација и легислатива за единствено европско небо (Single European Sky). Сите партнери на Gate One отворено дискутираа околу заземениот став по споменатите документи, и начинот и ефектот од нивното спроведување.
Во продолжение на состанокот, се разговараше околу промовирањето на Gate One платформата, и препознавање на оваа групација како рамноправен партнер во идното носење на политики и регулативи кои би биле засновани на Airspace Architecture Study. АД М-НАВ како и останатите даватели на услуги за воздухопловна навигација од регионот забележуваат значителен пораст на воздушен сообраќај во однос на минатиот период, но успешно го опслужуваат благодарение на адаптибилноста кон потребата. На состанокот фокусот беше на добро дефинирање на таргетен капацитет и како ќе се постигне истиот преку предложени решенија. Како партнер на Gate One Coordination Platform, АД М-НАВ рамноправно се залага за унапредување и постигнување на системска интероперабилност, зајакната безбедност, и примена на нови технологии.
Во продолжение на посетата, следниот ден на 4 јуни, Извршниот Директор на СВН, Г-дин Николче Тасески со претставници од АД М-НАВ присуствуваа на конференцијата SESAR Delivering the Future in Aviation каде имаа единствена можност да присуствуваат на дебати за тоа како Европа се справува со предизвикот на значително зголемен сообраќај, имплементација на новите и развојни проекти со цел АТМ модернизација.
SESAR Deployment Manager, SESAR Joint Undertaking, претставници од разни институции на европската Унија, од европска агенција за одбрана, од даватели на услуги за воздухопловна навигација како и од голем број на воздухопловни компании, преку отворена панел дискусија имаа единствена можност да поставуваат прашања околу бенефитите кои ги носи SESAR, и поблиску да ги запознаат засегнатите учесници во АТМ за сите проекти кои овозможуваат европскиот АТМ да се справи со рапидниот пораст на воздушниот сообраќај, по разумна цена, преку зајакнување на безбедноста и заштита на животната средина. SESAR DM исто така, ја претстави својата успешност во доменот на мерење на АТМ преформансот во 6 клучни области, и тоа капацитет, оперативна ефикасност, цена на сервис, животна средина, безбедност и обезбедување.

8-ми Состанок на Gate One

8-ми Состанок на Gate One

8-ми Состанок на Gate One

Тим на натпреварувачи од АД  М-НАВ на маестралната спортска манифестација „Охрид Трчат”

Тим на натпреварувачи од АД М-НАВ на маестралната спортска манифестација „Охрид Трчат”

Повторно тим на М-НАВ беше дел од најголемиот тим билдинг со атлетски карактер, третото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат”која се одржа со богата програма на 1 и 2 jуни и низ улиците на македонскот бисер. Оваа спортска манифестација беше организирана по примерот на европските метрополи допринесувајќи да видиме еден уникатен, европски Охрид.
На тим билдинг трките на 5 км. учество земаа и постигнаа подобри резултати од минатата година следните натпреварувачи од АД М-НАВ: Светлана Крстевска,Јовица Шурбановски,Игор Исакоски, Филип Милков, Горан Кочовски, Томе Андоновски и Димитар Стојановски. Но, имаше и учесници oд АД М-НАВ кои секогаш се натпреваруваат на трчање на подолги стази, а тоа се Јасминка Каркински, Николче Тасески и Игор Андреевски.
Со учество на оваа маестрална спортска манифестација, тимот на М-НАВ испрати порака за афирмација и промоција на трчање и здрави спортски навики во едно модерно секојдневие во кое стресот е неизбежен. Овие атлетичари од М-НАВ како и сите учесници на „Охрид Трчат”со уникатната можност да трчаат низ улиците на Охрид и да се натпреваруваат служат како пример за здрав живот, дружење, забава и можност да се прикаже високо развиената општествена свест на Друштвото. Дождливото време и грмотевиците не го намалија шармот на овој голем спортски настан, туку напротив ова беше уште еден показател на заложбата на организаторите и натпреварувачите цврсто да стојат зад концептот трчај, уживај, дружи се.
М-НАВ со своето учество на оваа спортска манифестација придонесе за реализација на целта на организаторот „Охрид Трчат”а тоа е подигнување на јавна свест, навремена и бесплатна дијагноза, пристапност и достапност на лекови за пациенти со ретки болести.

„Охрид Трчат” - 2019

„Охрид Трчат” - 2019

„Охрид Трчат” - 2019

„Охрид Трчат” - 2019

Тим на АД М-НАВ трчаше на 15-тиот Виз Ер Скопски Маратон

Тим на АД М-НАВ трчаше на 15-тиот Виз Ер Скопски Маратон

Вработени во АД М-НАВ трчаа на петнаесетата спортска манифестација во Република Северна Македонија, Виз Ер Скопски Маратон кој се одржа на 4 мај низ улиците на главниот град под покровителство на Град Скопје, Делегација на ЕУ и Агенција за млади и спорт.
Околу 12000 натпреварувачи од 58 држави учестуваа на овој петнаесетти јубилеен маратон, а на програмата имаше четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 км.
Oд АД М-НАВ во трка на 5 км. се натпреваруваа: Игор Исакоски, Васил Депинов, Влатко Наков, Емануил Муратовски, Светлана Крстевска и Филип Милков, додека на полумаратонот од 21 км. се натпреваруваа Николче Тасески, Игор Андреевски и Јасминка Каркински.

15-ти Виз Ер Скопски Маратон

15-ти Виз Ер Скопски Маратон

15-ти Виз Ер Скопски Маратон

15-ти Виз Ер Скопски Маратон

15-ти Виз Ер Скопски Маратон

15-ти Виз Ер Скопски Маратон