Официјален работен состанок во Албконтрол

Официјален работен состанок во Албконтрол

Делeгација од М-НАВ предводена од Г-дин Николче Тасески, Извршeн Директор на СВН и Г-дин Миѓен Салмани,Извршен Директор на СФПРРИ, во периодот од 09 Јули до 11 Јули престојуваа во работна посета во Тирана, во Albcontrol каде се состанаа со тамошното раководство.
Во рамки на работната посета се дискутираше и се договорија повеќе значајни оперативни теми:
• Отпочнување на соработка за cross border DCT;
• Изготвување и потпишување на договор за размена на податоци од областа на безбедноста;
• Потпишување на билатерален договор помеѓу двете држави за делегирање на АТS услуги и изведување на SAR до крајот на 2018г;
• Договорено е моментално решение за активирање на привремена ограничена зона за воздушен сообраќај кој слетува/полетува од Охрид;
• Директна телефонска линија помеѓу Охрид и Тирана;
• Меѓусебна соработка при имплементација на NewPENS;
• Размена на ОLDI пораки за Cumulus Nimbus директни рути;
• Размена на податоци за терен во областа околу охридскиот Аерoдром Св. Апостол Павле што има влијание на инструменталните процедури на летање;
За време на работната посета се договори наредна средба во Скопје во Септeмври за потпишување на Меморандум за рабирање помеѓу двата провајдера, Albcontrol и М-НАВ.

Работна посета на Албконтрол

Работна посета на Албконтрол

Работна посета на Албконтрол

“Show Your Rare! Show You care!”

“Show Your Rare! Show You care!”

Екипа на АД “M-НАВ„ трчаше на манифестацијата “Охрид Трчат 2018” која се одржа под мотото “Show Your Rare! Show You care”! на 3 Јуни, 2018г. низ улиците на атрактивниот Охрид.
За АД “M-НАВ трчаа Николче Тасески, Игор Исакоски, Јасмина Каркински, Горан Георгиевски, Светлана Крстеска -Дракалска, Горан Кочовски, Игор Андреевски, Јовица Шурбаноски, Оливер Муловски и Томе Андоновски.
Оваа активност е во организација на активист на здруженијата на граѓани за ретки болести, живот со предизвици, Гордана Лолеска во соработка со здруженија и фирми од Охрид и Општина Охрид. Главните трки беа: градска трка од 10.000 метри и рекреативна трка од 5.000 метри.
Постигнувајќи го осмото место од вкупно 32 екипи, екипата од АД “M-НАВ„ ја поддржа идејата да трчаат за помош на лицата со ретки болести, истовремено промовирајќи го спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот. Покрај тоа што средствата собрани од оваа манифестација се наменети за лицата со ретки болести, со своето учество АД“M-НАВ„ помогна и во подигнувањето на јавната свест за проблемите и потребите на овие лица.
“Охрид трчат 2018” дефинитивно ја освои и ќе ја освојува Македонија во наредните години а Директорот на трката Иван Цветкоски придонесе за успешното организирање на оваа атлетска манифестација, за беспрекорната организираност, масовноста со голем број на учесници меѓу кои и пациенти со ретки болест, нивните семејства и поддржувачи како и за прекрасната забава.

Show Your Rare! Show You care!

Show Your Rare! Show You care!

Селекција на нови Контролори на летање

Селекција на нови Контролори на летање

После повеќе од 10 години АД М-НАВ започна процес за регрутација и селекција на нови контролори на летање кои би се придружиле на нашиот тим. Во тек е процесот на селекција на кандидатите со FEAST пакетот од тестови (прв европски тест за селекција на контролори на летање) со цел пронаоѓање на најсоодветните кандидати за обука за контролори на летање. FEAST пакетот се користи од страна на 48 организации ширум светот. На нашите кандидати им посакуваме успех!

Селекција на нови Контролори на летање

Селекција на нови Контролори на летање

Gate One конференција на Главни извршни директори

Gate One конференција на Главни извршни директори

Претседателот на УО во М-НАВ и Извршен директор на СВН, Г-дин Николче Тасески и Членот на УО во М-НАВ и Извршен директор на СФПРРИ, Г-дин Миѓен Салмани, на 11ти Мај во Будимпешта присуствуваа на конференцијата на Извршни директори за Гејт Уан иницијативата.


http://en.hungarocontrol.hu/download/6430c2ae8b83ccf07a731a59a00c0ff2.gateone-press-release.pdf

Вработени од “М-НАВ” учествуваа на скопскиот Виз Ер Маратон 2018

Вработени од “М-НАВ” учествуваа на скопскиот Виз Ер Маратон 2018

15 вработени во “М-НАВ” А.Д. Скопје учествуваа и придонесоа за прекрасната атмосфера на традиционалниот Wizz Air Скопски Маратон кој се одржа во главниот град на Р.Македонија на 06 Мај, 2018. На маратонот земаа учество рекордни 10000 учесници кои беа пријавени од 58 земји од светот.
Николче Тасески, Игор Андреевски и Јасминка Каркински од “М-НАВ” А.Д. Скопје учествуваа на полумаратонска трка на 21 км. Во оваа дисциплина во женска конкуренција Јасминка Каркински имаше забележителен настап, го освои 86-то место од 544 пријавени, исто така во машка конкуренција и Николче Тасески постигна добар резултат, тој се најде на 402 место од вкупно 1366 пријавени.
Александар Палчевски, Филип Милков, Самир Буши и Игор Исакоски учествуваа на штафетен маратон и имаа забележителен настап, освојувајќи го 14-тото место од вкупно 57 пријавени екипи.
На трката од 5 км., учествува Климент Чепуњоски, Васил Депинов, Томе Андоновски, Оливер Муловски, Јовица Шурбановски,Светлана Дракалска, Жарко Апостолоски, Бесар Рамадани, како и Емануил Муратовски.
Со своето учество на Wizz Air Скопскиот маратон, вработените од “М-НАВ” А.Д. Скопје како верни љубители на трчањето и спортот ја покажаа поддршката во развојот на спортувањето и здравиот начин на живеење.

Виз Ер маратон

Виз Ер маратон

Виз Ер маратон

Подобар и побезбеден проток на податоци во воздухопловството

Подобар и побезбеден проток на податоци во воздухопловството

Членот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на Секторот за воздухопловна техника, Климент Чепуњоски вчера на 17 Април, 2018г., во Брисел, заедно со 41 партнер од воздухопловната индустрија присуствуваше на потпишувањето на  нов договор меѓу Евроконтрол на кој М-НАВ АД Скопје му има дадено мандат за склучување договор  со British Telecom за обезбедување и управување на безбедна и флексибилна New Pan-European Network Service (NewPENS).  Со оваа мрежа ќе се обезбеди  безбеден и економичен пренос на податоците кои  се релевантни во ова поле на делување.  Новиот PENS е продолжување на  PENS од 2009г., но новиот нуди опслужување на поголем број на корисници, зголемена флексибилност, безбедност, расположливост и многу други погодни карактеристики.  Г-дин Еамон Бренан, генерален директор на Евроконтрол напомена дека со зголемувањето на обемот на воздушниот сообраќај, со новиот PENS ќе се подржи европското воздухопловство, обезбедувајќи подобра прекугранична поврзаност а и ќе се поткрепат апликациите кои се особено значајни за безбедноста.

Во моментов има околу 100 локации на повеќе од 30 тековни корисници на PENS кои како и Евроконтрол постепено и во групи ќе преминуваат кон новиот PENS во периодот меѓу Октомври 2018г. и 30 Ноември 2019г, кога и истекува актуелниот PENS договор.

Нов ПЕНС

Нов ПЕНС