Билатерална средба со SMATSA

Билатерална средба со SMATSA

Во функција на размена на искуства и зајакнување на соработката, на 02 Април, 2018г., во SMATSA (Serbia and Montenegro Air Traffic Services SMATSA LLC) – Белград, делегација од АД “М-НАВ” предводена од Г-дин Николче Тасески, Претседател на Управен Одбор на “М-НАВ” и извршен директор во СВН како и од Г-дин Климент Чепуњоски, член на Управен Одбор на “М-НАВ” и извршен директор во СВТ оствари успешна работна средба со Г-динот Предраг Јовановиќ, генерален директор на SMATSA. На состанокот присуствуваа и директорите на SMATSA (Директорот на Секторот за управување со воздушен сообраќај, Директорот за давање на услуги во воздушен сообраќај, Директорот за информациска технологија и обезбедување, Директорот за воздухопловна техника, Директорот за човечки ресурси).
На средбата беше разговарано за можноста за имплементација на STAM мерки,за cross-border DCT, како и за процедури во случај на лоши временски услови.
Исто така на состанокот беа презентирани функционалностите и поволностите што ги нуди софтверот на SMATSA за подготовка на месечен распоред, софтверот за оперативен брифинг, но и се презентираше употребата на функционалноста нa меѓусмена.
Дополнително се разгледувале и технички прашања во врска со размена на радарски податоци, како и конкретните можности за подобрување и унапредување на комуникациските поврзувања во насока на следење на европските трендови за размена на податоци

Посета на SMATSA

Посета на SMATSA

Меморандум за соработка помеѓу М-НАВ и ФЕИТ

Меморандум за соработка помеѓу М-НАВ и ФЕИТ

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, претседателот на Управниот одбор на  М-НАВ и извршен директор на воздухопловна навигација Николче Тасески и членот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на Секторот за воздухопловна техника, Климент Чепуњоски, потпишаа Меморандум за соработка кој предвидува соработка во различни домени, со посебен акцент на развојно-истражувачките и на апликативните проекти, консултативните услуги, едукативните активности, меѓусебната подршка, стипендирање на студенти од завршните години и постдиплпоци и многу други заеднички активности.

“Потпишувањето Меморандум за соработка, за нас, како високо-образовна институција, значи искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на електротехниката и информациските технологии. Ние ја зголемуваме листата на компании со кои соработуваме и овозможуваме нашит студенти да добијат практично наобразба и да се вклучуваат во реализација на многу научни и апликативни проекти, но и да добиваат стипендии за завршуцање на образовниот процес”, вели деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, во Скопје, професор Ташковски.

За претседателот на Управниот одбвор на М-НАВ, Тасески, со ова стартува соработката со еден од најдобрите факултети во Макеоднија на кои им е потребно практична подршка.

“Како Акционерско друштво, во целост, ги подржуваме активностите на ФЕИТ во насока на обезбедување континуирано образование на инжинерско-техничкиот кадар, ќе обезбедиме материјална и стручно-професионална подршка, ќе организираме различни семинари, предавања и активности за одбележување различни рослави, годишнини и јубилеи” вели Тасески.
“Ова е прв пат од осамостојувањето на Македонија да имаме можност да создаваме кадри за потребите на воздухопловната индустрија”, рече Климент Чепуњоски, член на УО на М-НАВ. Препораките на ИКАО и европските регулативи налагаат континуирани тренинзи и освежување на знаењата на воздухопловно-техничкиот персонал, чија обврска е одржување, сервисирање и мониторинг на уредите и системите кои ги користат леталата.  Воздухопловно-техничкиот персонал е тој кој дава лепеза на услуги во услови на постојано усовршување на технологиите и се поголема употреба на уреди и системи кои треба да обезбедат сигурен воздушен сообраќај. За да може да ја изврши оваа исклучително важна обврска, на воздухоплoвно-техничкиот персонал му е неопходна соодветна обука, што ќе ја обезбедиме во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Досега за воздухопловно-техничкиот персонал во М-НАВ се организираа интерни обуки од сопствени ресурси. Со потпишување на меморандумот ќе се овозможи подигнување на обуките на повисоко ниво со вклучување на професорите од ФЕИТ во освежување на знаењата на воздухопловно-техничкиот персонал. За оние предмети за кои нема соодветен професорски кадар, ќе биде обезбеден преку нивна специјализација во европски воздухопловни центри. Со ова ќе се овозможи искористување на локална научна база, намалување на трошоците со истовремено зголемување на квалитетот на процесот на обуки, изјави Чепуњоски.

Вработени од “М-НАВ“ учествуваа на 16-от аматерски хуманитарен велеслалом

Вработени од “М-НАВ“ учествуваа на 16-от аматерски хуманитарен велеслалом

Пратејќи го своето општествено одговорно работење и желбата за спорт и рекреација на вработените и оваа година четири ски тима (вкупно 12 учесника) од М-НАВ учествуваа на хуманитарниот аматерски велеслалом во ски центарот Маврово кој се одржа по 16ти пат, од 16ти до 18ти Февруари, 2018г.

Собраните финасиски средства од овој настан (10000евра) од 50 екипи од Република Македонија оваа година беа наменети за здружението за хумано-општествен развој “Проект Среќа” кое ги застапува правата и интересите на децата од социјално најазгрозените семејства.

Според изјавата на претставникот на здружението Кристина Арнаудова (позната македонска пејачка) со собраните финансиски средства ќе се организира летен камп за 120 дечиња од најсиромашните семејства од државата.

Оваа година скијачите од М-НАВ учествуваа во сите категории, женски и машки, помлади и сениори и постигнаа солидни резултати, а за издвојување се настапите во финалните трки на Сашо Бојчин (четврто место сениори) и Филип Милков (седмо место помлади).

16-ти аматерски хуманитарен велеслалом

16-ти аматерски хуманитарен велеслалом

16-ти аматерски хуманитарен велеслалом

16-ти аматерски хуманитарен велеслалом

16-ти аматерски хуманитарен велеслалом

16-ти аматерски хуманитарен велеслалом

16-ти аматерски хуманитарен велеслалом

Работни состаноци во Брисел

Работни состаноци во Брисел

Претседателот на Управниот Одбор на и Извршен директор во СВН, Г-дин Николче Тасески со Членот на Управниот Одбор на “М-НАВ” и Извршен директор во СВТ,Г-дин Климент Чепуњоски, вчера на 21 Февруари, 2018г., во Брисел, остварија работен состанок со Генералниот Директор на Евроконтрол, Г-дин Еамон Бренан, а на состанокот присуствуваше и Шефот на кабинетот на Генералниот Директор на Евроконтрол, Г-динот Донал Хендли.

На состанокот се разговараше за можноста од потпишување нов Договор за ниво на услуги (Service Level Agreement) меѓу М-НАВ и Евроконтрол, ова би било од особено значење за М-НАВ бидејќи истото има за цел да се добие експертска помош од Евроконтрол во делот на подготвување на процедури на комуникацијата со податочен линк меѓу контролорот на летање и пилотот (CPDLC/Data Link), а би се остварил и премин од часовни податоци за влез (Hourly Entry Count) кон податоци за зафатеност (Occupancy Count) како и во делот на модернизација и рационализација на надзорни услуги (Surveillance modernization and rationalization) со користење на aвтоматско емитување на податоци – ADS-B and Wide Area Multilateration.

Исто така на состанокот беше разговарано за поддршка во делот на хармонизација на регионални FRA, вклучувајќи го воздушнио простор над Косово. Генералниот Директор на Евроконтрол, Г-дин Еамон Бренан даде поддршка за отпочнување на сите активности поврзани со нов договор, во овој правец претставник на Евроконтрол ќе пристигне во Македонија а најдоцна во период од еден месец на повторна средба меѓу првите луѓе на М-НАВ и Генералниот директор на Евроконтрол договорот ќе се финализира.

За време на престојот во Брисел, на маргините на состанокот на CANSO-Civil Air Navigation Services, исто така првите луѓе на М-НАВ остварија средба и со главниот оперативен директор на CANSO, Г-дин Симон Хокуард , а на средбата присуствуваше и Менаџерот за европска координација и безбедност при управување со воздушниот сообраќај, Г-дин Едвардо Гарсија Гонзалес. За време на оваа средба беа презентирани придобивките од евентуално членство на М-НАВ во оваа организација. На состанокот се заклучи да се разгледа можноста од пристапување, со цел зајакнување на политичките позиции на М-НАВ на глобално и регионално ниво, како и постигнување на хармонизација на престојните активности.

Работилница на тема “InterFAB performance“

Работилница на тема “InterFAB performance“

За прв пат откако Република Македонија доби статус на опсервер во DANUBE FAB во април 2016 година, делегација на македонскиот давател на услуги на воздухопловна навигација А.Д. „M-НАВ“ во состав од Г-ца Ирена Каличанин –Началник на центарот за обука на КЛ и Г-дин Дејан Зарапчиев – Советник за наплати а предводена од Г-дин Николче Тасески – Претседател на Управен Одбор на „M-НАВ“ и Извршен директор во СВН заедно со Г-ѓа Светлана Глигоровска – претставник од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија присуствуваа на InterFAB Performance Workshop, работилница чиј домаќин беше DANUBE FAB а која се одржа во Софија на 31 јануари и 1 февруари 2018 година.
Главни теми за кои се разговараше беа достигнувањата на АТМ мрежата како и нивниот развој и шемата за наплата во RP3.
Настанот претставува платформа за разменување на најдобрите практики и за разговор во врска со темите кои се од интерес за FAB-овите а во однос на престојните промени на Регулативите за перформанси и наплати за RP 3. За време на работилницата беше призната важноста на девијациите од приходите на годишно ниво во воздушниот сообраќај и нивното влијание врз АТМ достигнувањата.
На работилницата присуствуваа и претставници на FABCE, FABEC, Baltic FAB и BLUE MED FAB.

Средба на Директорот на воздухопловна техника на М-НАВ со првиот човек на Евроконтрол Г-дин Франк Бренер

Средба на Директорот на воздухопловна техника на М-НАВ со првиот човек на Евроконтрол Г-дин Франк Бренер

Во рамки на дводневната работилница за надзорни технологии во воздухопловството, што вчера и денес се одржува во „Евроконтрол“ во Брисел, директорот на воздухопловна техника на М-НАВ и член на Управниот Одбор на М-НАВ, Г-дин Климент Чепуњоски разговараше со првиот човек на организацијата Г-дин Франк Бренер. Со оглед на потребата за континуирано подобрување на стручната оспособеност на персоналот на воздухопловна техника, Г-дин Чепуњоски ја потенцираше важноста на обуките и одржување на нивниот континуитет.

„На г-динот Бренер му ја образложив неопходноста од интензивни обуки, кои би се одржале во Луксембург или во Македонија. Разменивме мислења и за важноста на поврзувањето на Словенечката контрола на летање со регионалниот центар во Мастрихт како и за можностите за ваква интеграција на Македонската навигација“, изјави директорот Чепуњоски.

На средбата беа разгледани можностите кои ги нуди PENS (Pan-European Network Services) и предностите од користењето на услугите.

Дводневната работилница на Еуроконтрол обработува теми поврзани со следење, откривање и комуникација на воздухопловите со помош на воздухопловно-техничките уреди и системи, како и воведување на нова технологија.