Учество на М-НАВ на Југоисточен АТМ самит (SEAS), Дубровник

Учество на М-НАВ на Југоисточен АТМ самит (SEAS), Дубровник

Croatia Control (CCL) and DFS Aviation Services беа домаќини на првиот Југоисточен АТМ самит (SEAS) во Цавтат, кој се одржа на 26 и 27 септември 2022 година. На состанокот се дискутираше на следните теми:

  • Remote towers
  • Нови можности за обука на Контролори на летање
  • Управување со воздушниот простор (AMC)
  • Системи за Управување на сообраќајот за беспилотни воздухоплови (UTM)

На Самитот беа присутни претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Германија, Косово, Република Северна Македонија, Србија, Словачка и Словенија кои разговараа за моменталната ситуација како и идните предизвици со кои ќе треба да се соочи управувањето со воздушниот сообраќај чија комплексност и разноврсност се повеќе ќе се зголемува. Фокусот беше ставен на новите технологии и услуги за оптимизација на Европската воздухопловна мрежа.

Овој настан произлезе од договорот за соработка потпишан на почетокот на оваа година од страна на CCL и DFS Aviation Services за да се постави курсот за идна соработка во комерцијалниот бизнис, првенствено покривајќи ги областите на воздухопловна обука и консалтинг, како и имплементација на заеднички проекти за ANSP и аеродроми во Југоисточна Европа.

CCL ја презентираше имплементацијата на обука за ATCO во рамките на организацијата, како и порталот за AMC, специјално дизајниран за управување со воздушниот простор земајќи ги во предвид операциите на беспилотни летала.

DFS Aviation Services, ги презентираа нивните активности поврзани со развој на процесите и регулативата поврзана со Remote Towers, технологија за која сметаат дека е иднината на ародромската контрола.

Сите учесници се сложија дека настанот е позитивен моментум со надеж дека ќе стане традиционален годишен настан за размена на искуства и идеи за регионална соработка.

Светски ден на метеорологијата – 23 Март 2022 година

Светски ден на метеорологијата – 23 Март 2022 година

РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И РАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ

Хидрометеоролошки и климатски информации за намалување на ризикот од катастрофи

Временските, климатските и водните екстреми стануваат се почести и поинтензивни во многу делови од светот како резултат на климатските промени. Повеќе од било кога досега сме изложени на повеќе поврзани временски опасности, кои се развиваат како резултат на растот на населението, урбанизацијата и деградацијата на животната средина.

Прогнозите само за тоа какво ќе биде времето веќе не се доволни. Денес акцентот на прогнозата се става на  влијанието на времето и раното информирање на јавноста за тоа што ќе направи времето кое е од витално значење за да се спасат животи и средствата за живот. Сепак, секое трето лице сè уште не е соодветно информирано со системите за рано предупредување.

Поголемата координација помеѓу националните метеоролошки и хидролошки служби, властите за управување со катастрофи и развојните агенции е од фундаментално значење за подобра превенција, подготвеност и одговор.

КОВИД-19 ги ​​комплицираше предизвиците со кои се соочува општеството и ги ослабна механизмите за справување. Со пандемијата, исто така се покажа дека во нашиот меѓусебно поврзан свет, треба да вклучиме вистински координиран, прекуграничен пристап кој ќе ги опфати поврзаните временски опасности, за да постигнеме напредок кон глобалните цели за климатско дејство, намалување на ризикот од катастрофи и одржлив развој.

Подготвеноста и способноста да се дејствува во вистинско време, на вистинско место, може да спаси многу животи и да ги заштити средствата за живот на заедниците насекаде, сега и во иднина.

Според тоа, Светскиот ден на метеорологијата, 23 март 2022 година, ја има темата “Рано предупредување и рано дејствување” и ја нагласува виталната важност на хидрометеоролошките и климатските информации за намалување на ризикот од катастрофи.

Посета на М-НАВ од страна на Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Посета на М-НАВ од страна на Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски

На 27.01.2022 година во објектот на контролата на летање, Управниот Одбор на М-НАВ предводен од Г-дин Fahrudin Hamidi -Претседател на Управен одбор и Извршен директор во СВН, Г-дин Владко Крстевски – Извршен директор во СВТ и Г-дин Migjen Salmani- Извршен директор за финансиски работи, за правни работи, развој и инвестиции имаше чест да го пречека Министерот за транспорт и врски Г-дин Благој Бочварски и неговиот Заменик Г-дин Bekim Rexhepi.

За време на посетата Министерот имаше можност да ги обиколи нашите оперативни простории и да се запознае со нашата работа.

Претседателот на Управниот Одбор, Г. Hamidi информираше за почетокот на предвидените прелиминарни активности за изградба на новата зграда со вкупна површина од 1.200 квадратни метри во која ќе биде сместен новиот АТМ систем , со што ќе се придонесе за зголемување на нашите капацитети и за модернизација на институцијата.

Покрај кризата во минатите две години која настана како резултат на Ковид-19 пандемијата и која имаше големо негативно влијание врз авио сообраќајот, М-НАВ како провајдер на воздухопловни услуги исе соочи со драстично намалување на приходите, но со заеднични напори на целиот тим во Друштвото успеавме истата да ја надминеме и да ги подобриме нашите финансиски показатели.

М-НАВ продолжува со модернизација на системот за воздухопловна навигација кој што во голема мера ќе овозможи опслужување на поголем обем на сообраќај, како и обезбедување на најпрофесионални и безбедни воздухопловни услуги.

Билатерална средба помеѓу М-НАВ и Албконтрол

Билатерална средба помеѓу М-НАВ и Албконтрол

М-НАВ и Албконтрол учествуваа на билатерален состанок кој се одржа на 07 декември 2021 година во просториите на М-НАВ во Босфор, Мралино. Членовите на Управниот одбор на М-НАВ им посакаа добредојде и ја искажаа нивната поддршка на делегацијата на Албконтрол, како и дадоа стратешки насоки во однос на очекуваното ниво и областите на соработка меѓу двата провајдера. Потоа, состанокот продолжи со работната група предводена од Директорите на секторите за комуникации, навигација и надзор и Раководителите на Одделенијата за радари од двете компании.

На средбата се разговараше за областите каде што се очекува подобрување, подигање на квалитетот на услугите и размената на податоци помеѓу двата провајдера. Се разговараше за состојбата на инфраструктура која се користи во моментот но и можните технички решенија со цел да се подобри квалитетот на потребната комуникациска поврзаност, можните формати на радарски податоци кои би се разменувале, како и можноста за интегрирање на размената на OLDI податоци во новото комуникациско решение.

Исто така, беше договорено да се подготви нацрт Меморандум за соработка за размена на податоци помеѓу Охридскиот радар и Порто Романо

М-НАВ на билатерален состанок со SMATSA

М-НАВ на билатерален состанок со SMATSA

На ден 04.11.2021 година се одржа билатерален состанок со колегите на SMATSA за размена на искуства во доменот на технологии за оперативни работи, инвестиции и модернизација на нашите системи.

Во однос на Cоvid импактот дискутирано беше за моменталната состојба врз нашиот авио сообраќај во оваа 2021 година и финасиската состојба, нашите планови и очекувања за наредната сезона 2022 година ,вклучување и имплементација на SECSI FRA иницијативата и измени во LoA ( меморандум за соработка).

Официјализирано приклучувањето на М-НАВ кон SECSI FRA

Официјализирано приклучувањето на М-НАВ кон SECSI FRA

Контролори на летање предводени од Претседателот на Управниот Одбор на АД “М-НАВ”, а на покана на SECSI FRA групација како и Аlbcontrol присуствуваа на регионалниот состанок во Тирана во периодот од 18-20 октомври. Тема на состанокот беше инцијативата за заедничко југоисточно небо, воздушен простор на слободно планирање на лет (SECSI FRA). На регионалниот состанок присуствуваа претставници од давателите на услуги за воздухпловна навигација од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија.

Овој регионален состанок беше од особена важност за М-НАВ зошто на него се официјализираше приклучувањето на Република Северна Македонија и на Албанија кон оваа иницијатива. Она што даде дополнителна тежина на овој состанок е што истиот претставуваше добра можност да се дискутираат и оперативни прашања поврзани со оваа иницијатива со која ќе им се понудат опции за најкуса рута на корисниците на воздушниот простор, од што ќе произлезат значајни придобивки долж југоисточната оска (South East Axis), а кои придобивки беа предмет на дискусија овој состанок. Исто така се разговараше и за спорниот момент во функционирањето на нашиот систем кој не процесира FPL, па постојат три точки за outbound сообраќај кон Тирана.

Истотака на овој состанок се оствари средба со Генералниот директор на Аlbcontrol- Хантин Бонати со кого се разговараше за финално формално решение за делегирање на дел од воздушниот простор над Охридско езеро за потребите на М-НАВ при давање на воздухопловни услуги од страна на АКЛ Охрид како и воспоставување на директна теле-врска помеѓу АКЛ Охрид со Албконтрол.

М-НАВ продолжува да остварува регионални состаноци низ регионот со цел ефикасно имплементирање на оваа иницијатива