Амандман број 91 од Зборникот на воздухопловни информации

Амандман број 91 од Зборникот на воздухопловни информации

АИС на Република Северна Македонија издаде нов амандман број 91 од Зборникот на воздухопловни информации со следните информации:

  • Измена на датумите на важечките Letters of Agreement
  • Публикувана нова карта: Index Chart – ATS Airspace Classification
  • Уреднички исправки во содржината на картите за Скопје и Охрид како и ENR картите

PDF верзија на амандманот може да најдете ТУКА

Претставници од М-НАВ на билатерален состанок во Охрид со своите колеги од АЛБКОНТРОЛ

Претставници од М-НАВ на билатерален состанок во Охрид со своите колеги од АЛБКОНТРОЛ

На покана од страна на М-НАВ, на 29ти март, Г-дин Николче Тасески – Претседателот на УО на М-НАВ заедно со претставници на високо ниво од АД М-НАВ остварија билатерален состанок во Охрид со делагација од Албконтрол предводена од Г-дин Мина Куста – Генерален директор на Албконтрол.
Целта на овој билатерален состанок кој е од исклучителна важност беше потпишување на ревидиран Договор за размена на радарски податоци во согласност со форматот на европската агенција за безбедност во воздухопловството и потпишување на билатерален договор за размена на безбедносни податоци во согласност со регулативата на европската комисија 376/2014.
Овој состанок беше можност претставници од двете држави на повисоко ниво да разговараат и за измените на договорите за соработка (Letters of Agreеment) меѓу М-НАВ и Албконтрол, вклучително и за измената на просторот на надлежност во АКЛ Охрид а со цел оптимизација на оперативното работење на одделенијата Охрид ТВР/АПП и Скопје ТМА.
Дополнително на состанокот беше разгледан и статусот на договорот кој треба да се склучи меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за делегирање на услуги за воздушен сообраќај во делот на воздушниот простор над Охридското Езеро како уште еден знак на добра соработка меѓу двете држави.

Билатерарен состанок помеѓу M-NAV и ALBCONTROL

Билатерарен состанок помеѓу M-NAV и ALBCONTROL

Билатерарен состанок помеѓу M-NAV и ALBCONTROL

Билатерарен состанок помеѓу M-NAV и ALBCONTROL

AД M-НАВ  Скопје, за прв пат домакин во организирањето на South East Axis 23

AД M-НАВ Скопје, за прв пат домакин во организирањето на South East Axis 23

Sout East Axis 23, прелиминарниот координативен состанок за прв пат се одржa во Република Северна Македонија од 26ти до 27ми Март 2019 година. Домаќин на состанокот беше АД М-НАВ, под покровителство на Еurocontrol, оваа одлука беше донесена од страна на земјите-членки на Eurocontrol. На состанокот учествуваа претставници од приближно 30 држави членки на Eurocontrol. Состанокот беше отворен од страна на Г. Николче Тасески, Претседател на Управен Одбор на М-НАВ и Г.  Проф. Др. Томислав Тунтев, Директор на АЦВ, посакувајки им добредојде на сите присутни.

Овој координативен состанок е од особена важност за справување со предизвиците во воздушниот сообраќај кој ги носи летото 2019 година за сите држави во Југоисточниот регион, а особено за Република Северна Македонија, земајќи го предвид значителниот пораст на воздушниот сообраќај над нашето небо.

Учесниците на состанокот разговараа околу расположливиот капацитет на воздушниот простор, ефектот од дефицит од персонал и ефектот од евентуални штрајкови во индустријата со посебен акцент на подготовка и планирање на одредени сценарија за непречен проток на воздушниот сообраќај, особено задоволство за сите присутни на состанокот претставуваше посетата на ОБКЛ.

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23

South East Axis 23

Седма година по ред во Мадрид, Шпанија се одржува  Светскиот АТМ Конгрес , најголемата ATM меѓународна конференција за управување со воздушниот сообраќај

Седма година по ред во Мадрид, Шпанија се одржува Светскиот АТМ Конгрес , најголемата ATM меѓународна конференција за управување со воздушниот сообраќај

Светскиот АТМ Конгрес се одржува со цел да ги собере на едно место најголемите светски водечки производители на АТМ опрема, најголемите светски експерти, сите заинтересирани страни и сите Даватели на услуги на воздухопловна навигација, на кој воедно се одржуваат презентации на најновите продукти и се овозможуваат конференциски состаноци и контакти меѓу учесниците, понудувачите и корисниците, на кои учесниците имаат можност директно да се запознаат со најновите технологии и достигнувања во полето на АТМ индустријата.

За учество на Светски АТМ Конгрес, а согласно тековниот развоен инвестициски циклус, М-НАВ има закажано повеќе работни состаноци на барање на повеќето производители со кои веќе имаме склучено Договори за набавка на опрема, како што се LEONARDO, EGIS AVIA, Park Air Systems, Центри за обука на контолори на летање и др, финансирани согласно Договорот за заем склучен со ЕБОР како и од сопствени средства, како и други долгогодишни соработници на М-НАВ и идни потенцијални добавувачи учесници на Конгресот.

На овој Конгрес учествуваат Претседателот на Управниот Одбор во М-НАВ и Извршен Директор на СВН – Г-дин Николче Тасески, Извршниот Директор за финансиски и правни работи, развој и инвестиции – Г-дин Миѓен Салмани и Г-дин Климент Чепуњоски – Извршен Директор на СВТ, Надзорниот Одбор на М-НАВ предводен од Г-дин Никола Бајалџиев како претседател и Г-дин Лазар Ѓорѓески како член и други вработени во А.Д. М-НАВ.

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

Оваа година по 17ти пат се одржа Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово, од 15.02. – 17.02, под мотото „За топла облека и храна. Средствата собрани од учесниците ќе бидат донирани во НВО „Светулка.
Од М-НАВ учествуваа шест тима, еден женски и пет машки. Женскиот тим го претставуваа Флорина Радовановиќ, Наташа Мијат Крстевска и Весна Aнакиева.

Во машките натпреварувачки тимови учествуваа:
1. Васил Депинов, Николче Тасески, Климент Чепуњоски
2. Филип Милков, Бранко Трајчевски, Емануил Муратовски
3. Сашо Бојчин, Тодор Настевски, Драгољуб Патчев
4. Небојша Латиновиќ, Игор Винокиќ, Томчо Георгиев, Владимир Стефановски
5. Михајло Арнаудов, Томе Андоновски, Антонио Кочовски

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

17ти Аматерски хуманитарен велеслалом

М-НАВ потпиша договор за школување на нова класа на контролори на летање после повеќе од 10 години!

М-НАВ потпиша договор за школување на нова класа на контролори на летање после повеќе од 10 години!

По спроведениот процес на селекција на кандидати за контролори на летање и постапката за јавна набавка, М-НАВ потпиша договор за школување на првата група од 5 кандидати за контроли на летање за стекнување на овластување ACS, за обласна контрола на летање.
Обуката на овие кандидати ќе се спроведе во Копенхаген, Данска, во центарот за обука Global ATS – Denmark.

Global ATS – Denmark е основана како подружница на Global ATS Ltd UK, која постои од 2011 година, како наследник на Bailbrook Aviation College од 1978. Центарот за обука Global ATS – Denmark е сертифициран од страна на Данската агенција за цивилно воздухопловство во согласност со ЕУ Регуларивата 2015/340.

Обуката за кандидатите на М-НАВ ќе започне на 19ти февруари 2019, и согласно договорот треба да заврши кон средината на месец јули.

Им посакуваме успешна обука на нашите кандидати!

Договор за школување на контролори на летање

Договор за школување на контролори на летање

Договор за школување на контролори на летање

Договор за школување на контролори на летање

Договор за школување на контролори на летање