Информации за воздушниот сообраќај во 2020 година и прогнозите за 2021 година во РСМ

Информации за воздушниот сообраќај во 2020 година и прогнозите за 2021 година во РСМ

Изминатата 2020 година за М-НАВ АД Скопје беше една од најтешките години како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата.
Иако за време на летниот период забележавме минимално стабилизирање на состојбата како резултат на сообраќајот кон туристичките дестинации во Грција и Турција, во последниот квартал започна вториот бран на Ковид-19 што предизвика нови органичувања на државно ниво во повеќето европски држави кои што повторно воведоа нови превентивни мерки со делумно затворање на границите и изолација при влез на нивна територија и сето ова предизвика уште еден дополнител удар врз нашите приходи.

М-НАВ АД Скопје во 2020 година бележи загуба од над 5 мил еур која што директно и во голема мера влијае врз моменталната ликвидност на Друштвото.

ЕУРОКОНТРОЛ податоци

Во 2020 година Северна Македонија бележи пад во авио сообраќајот во просек од 58%, или околу 12 000 (само заминувања/пристигнувања) летови помалку споредено со претходната 2019 година.

Во однос на прелетите за минатата година бележиме пад од 57.1% додека за заминувања / пристигнувања -65.3%  во споредба со 2019г.

Следната табела ја презентира состојбата на ниво на обласна контрола на летање (ACC) и за главниот аеродром во нашата држава

.

Еуроконтрол – нови сценарија за авио сообраќајот во 2021 година

Во првиот месец од 2021г. се очекува приближно пад од -64%, што е близу до краткорочното нацрт сценарио на воздушен сообраќај на Еуроконтрол, а кое беше објавено во септември 2020г. Како одговор на најновите КОВИД бранови и ризиците поврзани со новите мутации на вирусот, многу држави низ цела Европа воведуваат мерки за патување, со што многу се обесхрабрува користењете на авио превозот, освен ако не е од суштински причини. Како резултат, побарувачката е во голема мера поттисната и авиокомпаниите драматично го намалуваат својот капацитет.

Се очекува епидемиолошката состојба да се подобри во многу европски држави во второто тримесечие од оваа година и дека најранливите категории на граѓани низ цела Европа ќе бидат вакцинирани (и покрај одложувањата во примената на планот за вакцинирање). За возврат, ова може да доведе до можноста несуштинските патувања да станат подостапни, што би довело до мало подобрување за време на второто тримесечие, проследено со поголемо нормализирање во авио превозот во летниот период.

Дури и ако епидемиолошката состојба е подобрена во второто тримесечие, многу држави потенцијално би можеле да продолжат со своите национални ограничувања во патувањата, што сериозно ќе ја намали побарувачката и можноста за користење на авио превозот кој може постепено да се нормализира најрано до летниот период. Земајќи ги сите овие информации во предвид, во Јануари 2021 Еуроконтрол изработи нови краткорочни сценарија за движењето на сообраќајот до Јуни месец при што се презентирани две сценарија. Истотака анализата за период до 2024 година за РС Македонија е дадена подоле со графикон зависно од динамиката со вакцинирање

М-НАВ АД Скопје како во 2020 година, така и во 2021 година ќе се соочува со драстичен пад на сообраќајот споредено со пред пандемијата, а со тоа и со директни финансиски импликации на Друштвото кои се предвидени да бидат над 55% од 2019 година.

Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје на чело со Претседателот уверува дека ќе продолжи да ги следи и анализира сите информации поврзани со кризата од Ковид-19 и тоа како да се подобри состојбата во воздушниот сообраќај. Се надеваме дека соработка меѓу државите за координирано да се регулираат мерките и ограничувањата за влез во земјите ќе продолжи кон позитивна насока, што би можело да биде појдовна точка за обнова на авио-индустријата. Динамиката со која би се извршила вакцинизација на населението за Ковид-19 на светско ниво игра клучна улога за побрзо враќање на авијацијата и зголемена побарувачка за авио превоз.

М-НАВ АД Скопје работи на собирање на анализи и статистики кои ќе ни помогнат во иднина да бидеме спремни во случај на вакви кризи.

Остануваме оптимисти дека со почеток на летото состојбата постепено ќе почне да се стабилизира и довербата кај луѓето за користење на авио превозот ќе се врати и како даватели на воздухопловни услуги остануваме посветени во нашата работа за пред се безбеден и ефикасен авио сообраќај.

Постепено нормализирање на воздушниот сообраќај во РСМ

Постепено нормализирање на воздушниот сообраќај во РСМ

Состојбата со Covid-19 која трае во Европа некаде од почетокот на годината значително го погоди воздухопловниот сектор, што според експертските анализи авијациската индустрија ќе ја чини вкупно финанскиска штета од речиси 110 милијарди евра за сите чинители во воздухопловството т.е. авио компаниите, аеродромите и давателите на услуги. М-НАВ не беше поштедена од овие ефекти и најголем пад на сообраќајот од речиси 92,2 %, споредено со истиот месец минатата година (2019) бележи за месец Мај. Намалувањето на приходите кај М-НАВ за првите 6 месеци изнесува нешто повеќе од 4 милиони евра. Во текот на следните месеци, земајќи ги во предвид сите рестрикции и ограничувања поставени од државите по препорака на здраствените власти, на европско ниво се преземаа чекори за постепено враќање на воздушниот сообраќај и полека почнува да се забележува раст на сообраќајот. EUROCONTROL во месец Април презентираше две драфт сценарија за постепено враќање на воздушниот сообраќај во нормала. Последната анализа покажува дека актуелниот сообраќај на европско ниво се движи во согласност со предложеното координирано сценарио.


Извор: EUROCONTROL

Споредено со овие сценарија М-НАВ, во текот на месеците Април, Мај и Јуни беше со послаби резултати, но веќе во текот на месец Јули успешно опслужи 11282 прелети, што претставува 62,1% намалување од истиот месец минатата година со што се доближува до координираното сценарио


Податоците за М-НАВ се од сопствена статистика

Трендот продолжува и на почетокот на месец Август, благодарејќи првенствено на сообраќајот кон туристичките дестинации во Грција и Турција. Се радуваме на секое зголемување на сообраќајот и остануваме максимално посветени на безбедното давање услуга на своите клиенти.

Меморандум за соработка – BLUEMED FAB – Република Северна Македонија

Меморандум за соработка – BLUEMED FAB – Република Северна Македонија

Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија во име на Владата на Република Северна Македонија склучи Меморандум за соработка со останатите Држави членки на функционалниот блок на воздушен простор BLUEMED FAB. Со ова се отвори вратата за активно учество на нашата држава во регионалната соработка меѓу државите членки во BLUEMED FAB , Република Кипар, Република Грција, Италија и Малта.

М-НАВ изразува посебно задоволство што наскоро преку свои номинирани претставници, заедно со претставници од Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува на состаноците на Управниот одбор, Комитетите и работните групи на функционалниот блок на воздушен простор BLUEMED FAB, каде ќе има можност да размени мислења и ставови во насока кон подобрување на услугите во воздухопловната безбедност и задоволување на потребите на сите корисници на воздушниот простор.

Учество на М-НАВ на Network Directors of Technology & Infrastructure Working Group (NDTECH)

Учество на М-НАВ на Network Directors of Technology & Infrastructure Working Group (NDTECH)

М-НАВ преку својот претставник, Г-динот Владко Крстевски- Извршен директор на СВТ учествуваше на форумот на учесници Network Directors of Technology & Infrastructure Working Group (NDTECH) кој се одржа минатата недела во седиштето на Еуроконтрол во Брисел. Оваа работна група е формирана со цел да сe обезбеди поддршка на мрежниот Менаџер во процесите на заедничко носење одлуки (Cooperative Decision Making – CDM) за прашања поврзани со технологијата и инфраструктура во европската АТМ мрежа.

Работната група треба да одговара пред Одборот на мрежен менаџмент но и да го поддржува истиот во носење одлуки за технологијата и инфраструктурата во европската АТМ мрежа, согласно IR (EU) 123/2019 (EC1, 2019).

Оваа работна група е одговорна за точноста на одлуките кои ги носи Одборот на мрежен менаџмент, но и за ефикасната имплементација на насоките и одлуките на Одборот на мрежен менаџмент. Она што е од особена важност е тесната соработка на работната група со Networks Directors of Operations Group (NDOP), давајќи релевантен инпут во однос на технологијата и инфраструктурата.

Со своето учество на овој форум М-НАВ повторно докажа дека континуирано ги следи и придонесува за реализација на сите концепти, програми и проекти, учествувајќи во нивното дефинирање и развивање.

М-НАВ посветено се стреми кон кохеренетност на договорените мрежни и локални активности со мрежниот стратешки план и мрежниот план на операции. Нашата организација активно придонесува за исполнување на условите од европскиот АТМ Мастер план, за исполнување на таргетите на перформансите согласно иницијативата Единствено европско небо како и за исполнување на условите согласно регулативите на Европската Унија и Европската Комисија.

По повод новогодишните празници, М-НАВ со најмалите

По повод новогодишните празници, М-НАВ со најмалите

По повод новогодишните празници, во саботата, на 21 декември, М-НАВ AД Скопје организираше детска претстава проследена со кино проекција во рамките на просториите на киното Синеплекс во Сити Мол во Скопје.

Оваа активност беше наменета за дечињата на сите вработени од М-НАВ АД Скопје. Најпрвин помалечките имаа можност да гледаат претстава насловена ,,Торбата на Дедо Мраз” од театарска група Триангл, а потоа во истата сала поголемите деца гледаа Џуманџи II, 3D филм.

Ова новогодишно доживување беше поддржано од ЗКЛМ, ССКЛ и ЗВТПСКЛ.

Се надеваме дека ваквите активности ќе прераснат во традиција за компанија, и им посакуваме на сите наши деца безгрижно детство и среќни празници

М-НАВ во Софија на успешен Gate One СЕО состанок во правец на соработка меѓу водечките ANSP во регионот

М-НАВ во Софија на успешен Gate One СЕО состанок во правец на соработка меѓу водечките ANSP во регионот

Во Софија, на 9-10 декември, Претседателот на УО на М-НАВ и Извршен директор на СВН, Г-дин Тасески и АТМ Експертот, Јасминка Гоцевска присуствуваа на Gate One CEO состанокот со 13 други АNSP од Централна и Источна Европа, членки на платформата за координација Gate One.

Tие се состанаа во Софија за да разговараат за стратешките цели и работните програми во контекст на променливото окружување на Иницијативата Единствено европско небо. За време на состанокот Извршните директори се согласија за важноста од зајакнување на стратешката позиција на Gate One на европско ниво и нејзините кооперативни техники, оперативните придобивки од исполнување на SES и нагласување на нејзината клучна улога во процесите на донесување одлуки за европскиот АТМ .

Во овој правец, потпишан е нов договор за соработка помеѓу Извршните директори со цел да се инкорпорираат најновите измени во процесите на носење одлуки на Gate One платформата.

Овој состанок е од особена важност за М-НАВ бидејќи на него се водеше и корисна дискусија околу Акциониот план за Gate One за 2020г., нагласувајќи ја важноста од заземање заеднички ставови на актуелните АТМ теми, новите бизнис модели за давателите на услуги за податоци за воздушниот сообраќај, идната економска регулатива за АNSP и за иднината на SES.