25 годишнина од отварањето на Обласната контрола на летање и комплетното превземање на воздушниот простор

На 07.11.2021 г. се навршија 25 години од отварањето на Обласната контрола на летање Скопје. Во раните утрински часови на 07.11.1996г. Обласната контрола на летање Скопје ја превзема надлежноста на целиот воздушен простор на Република Македонија, кој до тогаш беше контролиран од Белград согласно поделбата помеѓу контролите на летање во Загреб и Белград уште од времето на СФРЈ. Првиот авион кој беше воден од нашите контролори на летање беше на Изреалскиот Ел-Ал со дестинација за Тел Авив. Од тогаш за изминатите 24 години, контролата на летање се разви во модерен центар кој функционира согласно сите стандарди на Eurocontrol чија што членка сме од 1998г и Европска Комисија согласно ECAA agreement од 2006 г.

Од малата обласна сала со 25 метри квадратни, само еден радар и десетина лиценцирани контролори на летање кои со помош на колеги од Србија и Бугарија ги обезбедуваа услугите во почетниот период, денес М-НАВ располага со скоро сто контролори на летање и помошници контролори на летање, високо обучен технички и помошен воздухопловен персонал задолжени за безбеден, редовен и експедитевен сервис за летовите за аеродромите во Скопје и Охрид, како и прелетите на нашето небо. Сервисот се обезбедува со интегрирани податоци од 5 радари, од кои 3 на наша територија и по 1 од Грција и Бугарија, а податоците од нашите радари и комуникациски системи преку билатералните договори за соработка ги користат и соседните земји.

По сепарација од Агенција за Цивилно Воздухпловство, М-НАВ продолжи да биде национален давател на воздухопловни навигациони услуги.

Во најфреквентните денови од летната сезона се опслужуваат повеќе од 1000 летови дневно, а во 2019г. се регистрирани 230160 лета кои ги користеле навигационите услуги на М-НАВ.

Акционерското друштво М-НАВ ги обезбедува услугите и за државните воздухоплови на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

Преку континуирано и проактивно учество во работата на меѓународните воздухопловни организации и институции за безбедност -Eurocontrol, ICAO, CANSO, работиме на одржувањето на постоечките стандарди, но и на имплементација на новите процедури и технологии на работа, а се со цел обезбедување на поефикасен сервис за авиокомпаниите и зголемена заштита на животната средина.

Во денешно време, кога целата планета се соочува со пандемијата предизвикана од COVID 19, а авијацијата е една од најпогодените индустрии, состојба во која се прогнозира нормализирање на функционирањето е дури по 2-3 години, М-НАВ продолжува да ги обезбедува најпрофесионално и безбедно своите воздухопловни услуги додека ангажманот на вработените е прилагоден на постоечките протоколи за работа.

И покрај сите потешкотии предизвикани од кризните ситуации континуирано се работеше на одржување на потребното ниво на компетентност на контролорите на летање и другиот стручен кадар, како и на обезбедување на функционирање на системите за контрола на летање и соодветно имплементирање на меѓународните стриктни регулативи.

Она на што М-НАВ особено се гордее е тоа што во текот на месец август 2021г. забележа намалување на воздушниот сообраќај од  само -7.8% во однос на 2019та година истиот месец, по што следеше благ пад на обемот на воздушен сообраќај и во текот на месец септември намалувањето на воздушниот сообраќај е -11.9% во однос на истиот месец во 2019та година, за да во месец октомври М-НАВ конечно после повеќе од една и пол година бележи дури и пораст на воздушниот сообраќај од 1.3% во споредба со месец октомври во 2019та година. Со ова Република Северна Македонија за месец Октомври 2021 година е земја со најголем обем на пораст на прелети споредено со 2019 година на ниво на земји членки на ЕCAC.

Денес во исклучително комплексни околности, продолжуваме со работата и сме максимално посветени на проектите за имплементација на новиот АТМ систем и другите радарски и комуникациски системи, кои се дел од долгорочната стратегија за надградба на контролата на летање и се потребни за да може да се обезбеди ефикасен сервис во иднина за предвидениот обем на воздушниот сообраќај. Се одржува компетентноста на контролорите на летање и другиот стручен кадар и се продолжува со потребните обуки. Работиме и на плановите за проширување на концептот на Free Route Airspace со соседните контроли на летање, нешто со што ќе се зголеми ефикасноста на сервисот преку намалување на должината на рутите за летовите, а со тоа и потрошувачката на горивото и емисијата на штетните гасови во атмосферата.

Истовремено преку примена на протоколи за работа на оперативниот и останатиот персонал се одржува потребното ниво на обезбедување на услугите, при што максимално се води сметка за заштита и превенција на вработените.

Со почит,

М-НАВ АД Скопје

ДЕМАНТ / СООПШТЕНИЕ

Во врска со натписот под наслов ‘’Може да дојде до голема трагедија : Аеродромот во Скопје веќе две недели со дефектна сигнализација за слетување‘’ и објавените информации на 10.09.2020 година на интернет порталите, М-НАВ АД Скопје  најостро ги демантира и ги отфрла во целост како неточни по сите три основи.

Би сакале да ја известиме целата јавност дека безбедноста на авиосообраќајот не е доведена во опасност во ниту еден момент, поради фактот што до сега нема ниту една пријава за дефект на светлосната сигнализација ‘’PAPI‘’ на аеродромот во Скопје од страна на пилоти, но и од страна на ТАВ во чија надлежност е набавката и одржувањето на горенаведената опрема.

Нашата ПР служба не е воопшто контактирана, ниту телефонски, ниту на официјалната е-меил адреса на која може секој да не контактира. Со објавувањето на вакви неточни и крајно тенденциозни информации се нанесува огромна штета на  угледот на М-НАВ и се креира лажна слика за состојбата во авиосообраќајот.

Информацијата дека во нашето Друштво во изминатите неколку месеци се отпуштени голем број на вработени кои биле пред пензија ја отфрламе во целост како неточна.

Во однос на финасиската состојба на нашето Друштво би сакале да ја информираме јавноста дека Управниот Одбор на М-НАВ А.Д има донесено пакет економски мерки во насока на одржување на ликвидноста.

Сите човечки и технички ресурси во М-НАВ АД Скопје работат со максимален капацитет и најпрофесионално ги извршуваат сите оперативни работни задачи, при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност во услугите за воздухопловна навигација континуирано се одржуваат на највисоко ниво.

Со почит,

М-НАВ АД Скопје

М-НАВ со нови засилени мерки за справување и превенција на ширењето на корона вирусот COVID-19

Почитувани,

М-НАВ АД Скопје, го регистрираше првиот случај на вработен позитивен на корона вирусот Covid-19. Во насока на превенција од понатамошно ширење на вирусот, покрај интерните донесени мерки М-НАВ А.Д. Скопје постапи согласно насоките добиени од надлежните, ковид центарот и дежурниот епидемиолог. Во рамките на ова, покрај редовната извршена е и вонредна дезинфекција на работните простории од компанија која за тоа има одобрение од Министерството за здравство. Вработениот, како и сите утврдени ризични контакти се во самоизолација со соодветно издадени решенија.

Друштвото воспостави и дополнително засилени мерки на заштита и превенција и од тие причини максимално е ограничен пристапот на надворешни лица во објектите каде се сместени оперативните простории за што се надеваме дека ќе имате разбирање. Приоритет за нас во овој момент е континуитет во давањето на нашите услуги на безбеден и ефикасен начин и М-НАВ А.Д. Скопје уште поинтензивно ке работи и придонесува на заштита на своите вработени кои се главен ресурс за обезбедување на ефикасни и безбедни услуги на воздухопловната навигација за сите корисници на нашиот воздушен простор.

Менаџментот на М-НАВ будно го следи развојот на ситуацијата со цел преземање на неопходните мерки и во целост ги почитува препораките, заклучоците и мерките дадени од страна на Влада на РСМ и другите надлежни институции.


Тимот на М-НАВ АД Скопје му посaкува брзо опоравување на вработениот и на сите други добро здравје.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Во врска со последните натписи објавени во неколку електронски медиуми поврзани со објавениот Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на М-НАВ АД Скопје би сакале да Ве известиме за следното:
    • По претходно спроведена постапка за долгорочно задолжување кај меѓународна финансиска институција, истата спроведена во координација со Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски, М-НАВ АД Скопје на 24.09.2013 година потпиша Договор за заем со ЕБОР за финансирање на “Проектот за модернизација на М-НАВ/ Надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација – втора фаза“ без обезбедување со државна гаранција, во износ од 11.150.000,00 ЕУР кој воедно е четврта кредитна линија склучена со ЕБОР, при што сите постапки и процедури за набавка се спроведуваат согласно Политиките и правилата за набавка на ЕБОР (EBRD Procurement Policies and Rules).
      Со Договорот за заем од 2013 г. се опфатени повеќе проектни компоненти за набавка на комуникациски системи, радарска и метео опрема, а како примарна компонента е набавка, инсталирање и тестирање на АТМ Систем вклучувајќи и техничко-оперативна сала за истиот.
      До 2017 година наведените проекти требало да бидат реализирани, но истите не биле реализирани и каматите за неповлечените средства од ЕБОР до тој период изнесувале 243.000,00 ЕУР. По доаѓањето на новиот менаџмент во август 2017 година, извршена е ревизија на проектите при која се констатирани сериозни пропусти посебно во делот на поставување на стратешка инфраструктура на приватно земјиште – радар, за кое поради месечна закупнина од 500 евра во период од 20 години требало да се издвојат на приватно лице со што би се оштетил буџетот на М-НАВ АД Скопје во вкупен износ од 120.000 евра и да се потпише договор за отпочнување на градба на нова сала и нов АТМ систем на сеуште не е обезбедено легализирано земјиште со АУП и дозвола за градба.
      При крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година најпрво се изготви договор за обезбедување на земјиште за новата сала и новиот систем кое што беше отстапено од страна на ТАВ, а до пред потпишување на Договорот се обезбеди и маркицата на истото односно беше изготвен нов Архитектонско Урбанистички План и се обезбеди дозвола за градба. Во однос на радарот беше обезбедена нова локација на државно земјиште и истиот ќе биде поставен без никаков финансиски надомест. Поради наведените пропусти дојдено е до задоцнувањето на реализација на овие два проекта опфатени во Договорот за заем потпишан со ЕБОР. Мораме да нагласиме дека во период од три години новиот менаџмент доведе четири проекти до завршна фаза и го заврши најобемниот процес изглед и начин на функционирање на новиот АТМ систем, заедно со експерти од Еуроконтрол и консултантот од Франција, Егис Авиа, со што се одобри отпочнување на негово производство. За преостанатите два проекти се изготвија нови технички спецификации и истите се на одобрување пред објавување во Европската Банка за обнова и Развој.
    • Во однос на делот каде што се наведува незаконско трошење на гориво веќе беа покренати и завршени судските постапки кон вработените вклучени во оваа злоупотреба и согласно судско вештачење надоместена е финансиската штета по тој основ.
    • За тврдењата во Извештајот за вработувањата , односно критериумите за вработување, начинот на прераспоредување на постојните вработени, исплатите на додатокот за прекувремена работа и делот на адвокатски услуги од страна на М-НАВ АД Скопје беа доставени забелешки, но истите не беа прифатени од за нас неразбирливи причини и на нас останува да постапиме по препораките од ДЗР.
    • Ве известуваме дека активностите поврзани со реализација на препораката за просторијата издадена под закуп за ресторанот од затворен тип, наменет само за вработените на Друштвото, се во тек. УО веќе постапува по препораката за ДЗР.
    • Во врска со забелешката дека земјиштето, односно административниот објект Лазар Поп Трајков, кој што е завршен во 2017 година и во моментов е сместен финансово правниот сектор, и покрај неколкуте одржани состаноци со надлежните служби сеуште не е извршен технички преглед на градбата, бидејќи се чека од страна на Министерството за транспорт и врски и Општина Центар објектот да биде впишан во АУП . Имено, напоменуваме дека во овој деловен објект лоцирани се повеќе државни иституции и М-НАВ АД Скопје има само 8% од вкупниот простор.
    • Како еден од најзначајните резултати од работењето на новиот менаџмент во последните три години е фактот дека основната главнина на Друштвото е зголемена за огромни 5 милиони евра и направено е значително намалување на непродуктивните расходи со што се докажа посветеноста и професионалниот однос.

Со почит,

АД М-НАВ Скопје

М-НАВ во борба со ширење на корона вирусот COVID-19

    Почитувани вработени, почитувани клиенти,

    Сакаме да споделиме со вас дека М-НАВ будно го следи развојот на настаните во врска со ширењето на коронавирусот во нашата држава но и на глобално ниво. Напорно работиме да придонесеме во заедничката заложба на институциите за поуспешно справување и превенција на ширењето на Коронавирусот, преземаме напори за надзор, контрола и превентива на коронавирусот – COVID 19 од самото негово појавувањe.

    За нашите вработени

    Во овој период менаџментот на М-НАВ во правец на грижа за колективното здравје, а првенствено за здравјето на своите вработени, како најважен ресурс,  енергично работи на имплементирање на сите мерки и препораки кои ги носат надлежните органи.
    М-НАВ постапува по мерките и активностите на Владата на Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19. Уште на почетокот на оваа глобална природна катастрофа, веднаш откако започна ширењето на коронавирусот на Европско тло, и пред да биде дијагностициран првиот случај во Република Северна Македонија, во М-НАВ со цел спречување на ширење и на внесување на вирусот формирана е работна група за превенција на ширење на коронавирусот Covid-19 со одлука на Управниот Одбор на М-НАВ и истата континуирано воспоставува мерки кои се применуваат за вработените и во работните простории на М-НАВ – А.Д. Скопје. Сите вработени се навремено информирани за истите. Работната група будно го следи развојот на ситуацијата и  соодветно ги димензионира мерките и активностите, истите постојано ги засилува, дополнува и ажурира. Во целост се почитуваат препораките, заклучоците и мерките дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија, односно ослободени се од работа вработени лица родители/самохрани родители кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години односно активно четврто одделение, како и бремени жени и хронично болните со утврдените состојби. М-НАВ воведе работа од дома за работниците за кои тоа е можно, а оперативните извршители ги сведе на неопходниот минимум.
    Во моментот се стопирани сите службени патувања како и сите обуки за вработените. Во насока на одржување на социјално дистанцирање се настојува да се употребува видео/телефонија и присуство на состаноци преку webex. Посетите од надворешни лица на почетокот беа ограничени,но со развој на ситуацијата истите се суспендирани. Задолжително се спроведува самоизолација за вработените кои биле во странство. Сите технички интервенции се сведени на неопходните, ограничено е движењето на вработените низ просториите на М-НАВ, се одбегнува работа во групи, а сите вработени постојано добиваат препораки доколку не се чувствуваат добро веднаш да заминат дома и да побараат медицинска помош преку јавување на посочените броеви на Институтите за јавно здравје. Со цел превенција на ширење на зараза во просториите на М-НАВ воведена е и заштитна мерка, мерење на температура на секој што ќе влезе во просториите, а хигиената во истите е на високо ниво, целиот персонал мора да го дезинфицира своето работно место при започнување со работа со обезбедените антисептички средства.

    Во М-НАВ за сега ниту еден вработен не е позитивен на коронавирусот.

    За нашите клиенти

    М-НАВ како компанија од стратешко значење за државата со елементи на јавен сервис има обврска и во вакви околности да се грижи за  одржување на своите услуги. И покрај затварањето на Аеродромите во Скопје и Охрид, за комерцијален сообраќај, контролорите на летање и понатаму даваат услуги за државни, воени, хуманитарни, медицински, полициски и карго воздухоплови. Од друга страна исто така е обезбедено непречено давање на услуги на контролата на летање за прелетите над нашата држава. Во моментот нашата држава бележи еден од најмалите падови на сообраќај во Европа, но ситуацијата драстично се менува со секој нов ден.
    Сакаме да ги увериме нашите корисници на услугите дека М-НАВ ги презема сите мерки преку заштита на своите вработени во насока на континуирано давање на своите услуги за сите на кои тие ќе им бидат потребни, а воедно се подготвува за нормализирање на сообраќајот кога пандемијата ќе заврши.

    Ви посакуваме на сите добро здравје.

Соопштение бр.3 – COVID-19

    Согласно со одлуката број 02-605/3 донесена од страна на Управниот одбор на „М-НАВ“ А.Д –Скопје на ден 12.03.2020 година, а со која се одобруваат дополнителните Постапките за однесување со цел превенција на ширење на коронавирусот Covid – 19, доставени со допис бр. 08-599/1 од 12.03.2020 година, од страна на Ирена Каличанин, координатор на работната група за превенција на ширење на коронавирусот Covid-19, формирана со одлука на Управниот одбор бр. 02-494/2 од 02.03.2020 година и одлука за измена и доплнување бр. 02-527/5  од 14.03.2020 година, Ве известуваме дека со оглед на развојот на настаните и преземањето на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), од страна на Владата на Република Северна Македонија, менаџментот на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје воспоставува дополнителни мерки кои ќе се применуваат за вработените и во работните простории на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје кои стапуваат на сила веднаш и важат до донесување на понатамошни инструкции:
  1. Се стопираат сите службени патувања. Исклучок се само започнатите службени патувања во земјите кои не се високо и средно ризични. Се препорачува доколку е можно користење на видео/телефонија и присуство на состаноци преку webex.

  2. Сите посети на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје  од надворешни лица се суспендираат. Исклучоци може да бидат одобрени од страна на Извршните/Замениците директори на секторите за неодложни поединечни посети. При овие посети вработените да преземат дополнителни мерки на претпазливост, да се избегнува физички контакт, да се држи поголемо растојание, да се изврши дезинфекција на рацете пред и по посетата, да го замоли посетителот да го стори истото, и сл.

  3. Вработените кои доаѓат од високо и средно ризичните држави/региони, во период од 14 дена да воведат задолжителна самоизолација. Истите дури и ако не се чувствуваат заболени потребно е да се јават на  посочените броеви за добивање на совети и да останат дома. Лицата кои согласно горенаведеното нема да доаѓаат на работа должни се до Одделението за човечки ресурси по електронски пат да достават скенирана патна исправа како доказ за патувањето во наведените региони. Листата на високо и средно ризични држави/региони секојдневно ќе биде ажурирана на веб страната на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје. (www.mnavigation.mk). Воедно се препорачува на вработените да избегнуваат патување во земји кои се од висок и среден ризик согласно објавената листа.

  4. Техничките интервенции во оперативните простории се сведуваат на минимум, односно само на неопходните технички интервенции.

  5.  Се ограничува движењето на вработените во просториите на Аеродромот во Скопје само во делот на нивните оперативни простории согласно шемата во прилог. Целта на воведувањето на оваа шема е да се ограничи мешањето на вработените. Сите вработени да се движат во рамките на нивните простории и непотребно да не се движат и престојуваат во просториите на други одделенија/отсеци/сектори. За  вработените од Аеродром Охрид се забранува групно задржување во заедничката кујна.

  6. Се препорачува на оперативниот персонал да го ограничи своето движење вон работно време само на неопходно. Особено се препорачува на возрасните и повисокоризичните категории на вработени со хронични болести (хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет- ТИП1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојби) да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

  7. Секој вработен кој ги чуствува следниве синтомите: треска (покачување на телесна температура), кашлица и отежнато дишење (скратен здив) ВЕДНАШ да замине дома и да побара медицинска помош преку јавување на достапните броеви најблиску од местото на живеење и тие ќе го советуваат што да направи понатаму, во никаков случај да не одат на матичен лекар или болница. Задолжително да го извести својот претпоставен телефонски или преку електронска пошта дека не се чуствува добро и дека ги има некои од наведените симтоми. Медицинска помош на секој момент можете да барате јавувајќи се на следните броеви:
    • ЦЈЗ Битола 071/261-330
    • ЦЈЗ Велес 071/219-278
    • ПЕ Гевгелија 078/545-444
    • ЦЈЗ Кочани 071/373913
    • ЦЈЗ Куманово 070/215-851
    • ЦЈЗ Охрид 070/723-029
    • ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
    • ЦЈЗ Скопје 071/289-614
    • ЦЈЗ Струмица 072/235-543
    •  ЦЈЗ Тетово 075/240-464
    • ПЕ Гостивар 076/365-161
    •  ЦЈЗ Штип 078/365-613
    • ИЈЗ Скопје 078/387-194
    • ЗД Ало докторе 02/15-123
  8. Дополнително,секој вработен кој има симптоми на грип или инфекција и се чуствува болен, има покачена телесна температура, кивање, главоболка, мускулна болка, општа слабост, респираторни симптоми, вклучувајќи кашлица, исцедок од нос и болки во грлото да не доаѓа на работа.  Грипот е многу заразен од денот пред да се појават првите симптоми и до 5-7 дена откако ќе се разболите. Вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради заболување од грип или инфекција ЗАДОЛЖИТЕЛНО да го известат својот претпоставен телефонски или преку електронска пошта, а отсуството од работа да го регулираат со боледување.

  9. Се затвора кантината во „М-НАВ“ А.Д. – Скопје а апаратите за храна и кафе нема да се дополнуваат по исцрпување на нивните залихи.

  10. Од сите вработени се очекува да применуваат зголемена хигиена со цел намалување на можноста од зараза:
    • КЛ, ПКЛ и целиот останат персонал кој споделува работни уреди и средства (тастатури, глувчиња, телефонски уреди, и сл.) мора да го дезинфицира своето работно место при примопредавање на смената со антисептичните средства кои се доставени на работните позиции, а доколку снема средство истото да го пријави во магацин (лок 227 за просториите на Аеродром Скопје, 814 за просториите на СФРПРРИ, тел: 046 253 363 за просториите на Аеродром Охрид)
    • Кваки од врати, тастери за отварање на врати, работни и заеднички маси и слично ќе се чистат од хигиена во почести интервали со алкохол или друго дезинфекционо сретство;
    • Се препорачува избегнување на физички контакт (пр.ракување);
    • Да се избегнува допирање на очите, устата, носот со раце;
    • Редовно да се мијат рацете најмалку 20 секунди со сапун;
    • При кашлање и кивање да се покрие устата или носот со хартиено марамче кое веднаш ќе се фрли, по што ќе се измијат рацете со средството за суво миење на раце, или друго средство со алкохол;
    • Да се избегнува секаков контакт со лица кои имаат симптоми на настинка или грип (треска и кашлање /кивање);
    • Водете сметка за сопственото здравје, спијте доволно, јадете здраво за да го одржите имунитетот на високо ниво со цел одбрана од вируси и бактерии со кои би дошле во контакт.

  11. Наведените постапки и процедури се препорачува вработените да ги применуваат и надвор од работното место, како на пример да се избегнуваат собири на луѓе.

  12. Да не се користат секаков тип на пливачки базени на територијата на Република Северна Македонија,

  13. Вработените целосно да ги почитуваат мерките за превенција од оваа болест упатени од Министерството за здравство. Воедно се укажува дека непочитувањето на објавените мерки ќе биде казниво согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

  14. Вработените да се воздржат од коментари на социјалните медиуми во однос на интерните мерки на сила со ова соопштение.

  15. Менаџментот на „М-НАВ“ – А.Д. – Скопје будно го следи развојот на ситуацијата со цел преземање на неопходните мерки. За воведување на нови-дополнителни мерки соодветно ќе бидат известени сите вработени. Овие постапки ќе бидат соодветно ажурирани согласно развојот на настаните и истите ќе бидат достапни на интранетот на „М-НАВ“– А.Д. – Скопје. ВАЖНО !!! Вашето здравје зависи од Вашата информираност и одржување на личната и колективната хигиена.