М-НАВ во посета на ANSA Косово

М-НАВ во посета на ANSA Косово

На 18.05.2021 година, Претседателот на Управниот Одбор во М-НАВ и Извршен Директор на СВН – Г-дин Fahrudin Hamidi и Извршниот Директор за финансиски и правни работи, развој и инвестиции – Г-дин Migjen Salmani, во седиштето на ANSA во Приштина, Косово остварија средба со членовите на менаџментот на ANSA, предводени од Г-дин, Bahri Nuredini, Генерален Директор.

На состанокот овие соседни даватели на услуги за воздухопловна навигација разговараа за моменталната состојба со авио сообраќајот и кризната состојба која настана поради огромниот пад на авио сообраќајот како резулат на Ковид-19 пандемијата, како и за мерките и активностите превземени со цел надминување на истата за да се овозможи непречено и редовно одвивање на воздушниот сообраќај, воедно се разговараше и за идните стратешки видувања на двата провајдери во делот на давање на безбедни навигациони услуги со цел да се максимизира искористеноста на постоечките взаемни ресурси (човечки, технички и процедурални ресурси), а притоа да се намалат трошоците.

М-НАВ и ANSA продолжуваат со взаемната соработката согласно потпишаниот Меморандум за Соработка во 2019 година.

АТСЕП персоналот наскоро со ИКАО лиценци, здружението МАТТА се грижи за професионалниот развој на воздухопловните техничари и инженери

АТСЕП персоналот наскоро со ИКАО лиценци, здружението МАТТА се грижи за професионалниот развој на воздухопловните техничари и инженери

Секој безбеден лет е нова потврда дека АТСЕП персоналот, а тоа се оние професионалци кои се грижат за техничките средства, уредите и опремата за давање услуги на воздухопловната навигација, е добро обучен и согласно високите стандарди ги извршува обврските. Воздухопловните техничари и инженери, кои се задолжени за поставување, одржување, контрола и мониторирање на системите и уредите во системот на контрола на летање, се всушност одговорни за прецизност, интегритет, расположливост и непречено работење на системите и инструментите без кои авијација не би можела да се одвива. Без податоците од овие уреди, пилотите не би можеле да ги извршуваат нивните обврски а контролорите на летање не би можеле да даваат инструкции, одобрувања и слично.

За професионално унапредување на АТСЕП персоналот се грижи МАТТА, Здружението на воздухопловно-технички персонал во системот на контрола на летање (Macedonian Air Traffic Technical Electronics Association). МАТТА веќе 25 години ја застапува државата во Меѓународната федерација на здруженија на воздухопловно-технички персонал за безбедност на воздушниот сообраќај (IFATSEA), која соработува со Светската организација за цивилно воздухопловство (ICAO) во областа на стандардите и препораките за работата на воздухопловно-техничкиот персоналот за безбедност на воздушниот сообраќај (ATSEP – Air Traffic Saffety Electronics Personnel).

МАТТА активно учествуваше во изработката на тренинг прирачникот за работа на АТСЕП персоналот, кој е официјален документ на Светската организација за цивилно воздухопловство – ICAO. Како држава чиј АТСЕП персонал посетува пропишани тренинзи и проверки на знаење, значајно придонесовме во поставување на тренинг-правилата за АТСЕП во светски рамки.

Со задоволство можеме да кажеме дека како резултат на долгогодишната работа и залагања, наскоро АТСЕП персоналот ќе стане лиценциран персонал на светско ниво, запишан во Анекс 1 документот на ИКАО.

Досега како Здружение сме организирале состанок на Бордот на директори на IFATSEA, Генерално собрание со делегати од цел свет, Собрание на европската група на IFATSEA, како и состанок на наш член со Претседателот на ICAO во седиштето на ICAO. Здружението редовно има презентации на годишните собранија на IFATSEA и продолжуваме да бидеме активни во новите проекти на меѓународната асоцијација.

Здружението MATTA, на покана на регионалниот директор за азиско-пацифичкиот регион и водач на проект, Сентхиввел Баласубраманиан, зема активно учество во сите фази на подготовката и истражувањето на студијата „Човечки фактори на АТСЕП, фактори и контра мерки“. Студијата и анализата беше спроведена во фази и траше една година, преку истражување, вебинари и интензивна работа. За жал поради Ковид пандемијата 2020 година помина без генерално годишно собрание на кое се сублимира работата на вака важни проекти. Сепак, Студијата беше завршена и стана официјален документ на ИКАО. Резултатите од студијата се јасно дефинирани фактори, конечни консолидирани мерки и предлози за подобрување на состојбата во оваа област со цел подобрување на безбедносната култура и професионалното ангажирање на персоналот на АТСЕП. Оваа студија треба да помогне при планирање, организирање на работа и разбирање на описот на работата на оваа професија. Тоа е важно не само за АТСЕП персоналот, туку и за разни меѓународни институции, воздухопловни власти, контрола на летање и други заинтересирани граѓански воздухопловни институции.

МАТТА продолжува со активностите за јакнење на професионалноста на АТСЕП персоналот, подобрување на условите за тренинг, надградба на знаењата како и подобрување на условите за работа. Се ова е за нас мотив кој ни дава сила и не охрабрува за што поголем ангажман, затоа што само така можеме да го оствариме врвниот приоритет – одржување на високо ниво на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Линк до студијата
.

Претставници на Croatia Control во пријателска посета на М-НАВ

Претставници на Croatia Control во пријателска посета на М-НАВ

На 29ти април 2021г. во просториите на М-НАВ, Г-дин Fahrudin Hamidi, Претседател на Управниот Одбор, ги пречека претставниците на Croatia Control, Г-дин Vlado Bagarić – Генерален Директор и Г-дин Tomislav Mihetec, Заменик Директор на АТМ.

На овој состанок претставниците од обата даватели на услуги за воздухопловна навигација разговараа за моменталната состојба предизвикана како последица од Covid -19 кризата и нејзиното негативно влијание на енормниот пад на обемот на воздушниот сообраќај, со што воздухопловната индустрија претрпува огромна финансиска криза.

М-НАВ ги презентираше мерките и активностите кои ги презема, а во насока на спречување на ширењето на вирусот Covid-19 меѓу оперативниот персонал како најкритичен и најзначаен за непречено и редовно одвивање на воздушниот сообраќај, како и ги презентираше останатите мерки кои ги презема за да се редуцираат трошоците со цел оддржување на ликвидноста на Друштвото.

Подготовка на нацрт Меморандум за разбирање во кој би се опфатила взаемната соработка во полето на безбедноста, обуката и управувањето со воздушниот сообраќај исто така беше предмет на дискусија.

Претставниците на Croatia Control понудија помош и поддршка во имплементацијата на SECSI FRA, на Регулативата на ЕУ 2017/373, помош во имплементацијата на PBN во TMA, како и во подготовката на некои работни процедури од доменот на безбедноста, квалитетот и обезбедувањето.

Понатаму тие направија и куса презентација на функционалностите на нивниот АМС портал како вредносна алатка за управување со воздушниот простор, посебно дизајнирана за дронови и други беспилотни летала.

Исто така, ги опишаа и нивниот центар за обука за КЛ како и симулаторот за воздушен сообраќај за контролна кула (TWR) кој се наоѓа во Сплит. ТWR симулаторот служи за обука на КЛ во самата организација (in-house training), по што ги поканија претставниците на М-НАВ во посета на нивните простории каде детално ќе им се презентираат сите нивни иновации и центри за обука, како во Загреб така и во Сплит.

М-НАВ и понатаму ќе се стреми кон зајакнување на соработката и оддржување на добри односи со сите регионални даватели на услуги за воздухопловна навигација во правец на подобрено обезбедување на услуги и реализација на примарната задача, а тоа е оддржување на безбедно небо.

Светски ден на метеорологијата 2021-03-23

Светски ден на метеорологијата 2021-03-23

Секоја година, Светскиот метеоролошки ден се слави во согласност со конвенцијата на Светската метеоролошка организација која влегла во сила на 23 Март 1950 година.

Светскиот ден на метеорологијата во 2021 година е посветен на темата „Океанот, нашата клима и времето“. СМО (Светска Мтеоролошка Организација) го става фокусот на поврзувањето на океанот, климата и времето во рамките на Земјиниот систем.

Со промената на климата доаѓа до загревање океанот, а тоа има длабоко влијание врз нашето време. Годишниот извештај на СМО за состојбата на глобалната клима, покажува дека 2020 година беше една од трите најтопли години што е забележана, и покрај ладењето на Ла Нина во Тихиот океан. Изминатата деценија од 2011-2020 година беше најтопла досега.

Топлината во океанот е на рекордно ниво, загревањето на океанот продолжува. Морскиот мраз се топи. Стапката на пораст на нивото на морето е забрзана.

Во текот на изминатата година, видовме пролонгирани суши што ги продолжија сезоните на пожари низ целиот свет. Разорните пожари во Австралија, на пример, беа поврзани со температурите на океаните кои влијаат на посувата сезонска шема на клима.

Топлите температури на океаните помогнаа во поттикнување на рекордна сезона на урагани во Атлантикот и невообичаено интензивни тропски циклони во Индискиот и Јужниот Пацифички океан. Штетите од невремето во овие области ја покажаа моќта на океанот и неговото разорно влијание врз крајбрежните заедници.

За повеќе инфрмации на линкот https://youtu.be/F7dUKEurZnI

Посета на Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Г-дин. Илбер Села во АД М-НАВ Скопје

Посета на Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Г-дин. Илбер Села во АД М-НАВ Скопје

Г-дин. Фахрудин Хамиди, Претседател на Управен Одбор и Извршен директор на секторот за воздухопловнa навигација при М-НАВ АД Скопје, вчера, на 09.03.2021 година во нашите простории, оствари средба со Г-дин. Илбер Села, Директор на АПЈ.

На оваа средба Г-дин. Хамиди информираше за тешкотиите и потребите на М-НАВ во однос на целосна примена на албанскиот јазик на официјално ниво во согласност со Законот за употреба на јазиците и можноста за употреба на албанскиот јазик во пракса што вклучува превод на интерна документација потребна за нормално и ефикасно функционирање на нашето Друштво. Тешкотиите се однесуваат на постоечката финансиска ситуација поради Ковид-19 пандемијата поради што не сме во состојба да вработуваме соодветен стручен преведувач иако истиот е планиран со финансискиот план за 2021 година. Во прва прилика М-НАВ ќе пристапи кон формално решение на овој проблем.

Г-дин. Села изјави дека агенцијата ќе обезбеди конкретна помош на М-НАВ АД Скопје за превод и лекторирање на обрасци, административни акти, како и други официјални документи на нашата компанија.

Повеќе жени во контрола на летање – наша неуморна мисија

Повеќе жени во контрола на летање – наша неуморна мисија

Вистина е дека војната носи големи жртви но понекогаш отвара и нови врати. За време на Втората Светска Војна мнозинството мажи биле регрутирани за  борба на фронт и многу нови позиции се отвориле за жените кои дотогаш само седеле дома. Една од тие професионални позиции е контролор на летање која почнувајќи од 1941 година станала предизвик за одреден број на жени. Која била првата жена контролор не може да се каже со сигурност, но се споменуваат неколку имиња кои во ист период, почнале да работат на ова специфично работно место. Повеќе за историјатот на оваа професија можете да прочитате на следниот линк: The First Women Controllers (faa.gov)

А која е приказната за македонските пионерки во оваа професија – контролата на летање? Ова најубаво ни го раскажа нашата колешка со најдолг стаж, Надица Гаврилова, во интервјуто што беше објавено на 35та страница во “The Controller“ магазинот, во изданието од октомври 2019. The Controller – October 2019 (ifatca.org)
Кога во 1976 година Надица отишла за прв пат да се пријави на школување во Белград во тогашна СФР Југославија, надлежната комисија ја посоветувала дека тоа не е професија за жена. Можела да стане стјуардеса, и рекле, а од овие воздухопловни служби кои се нуделе, најмногу што можеле да се сложат е таа да се школува за FIO (Flight Information Officer).
По завршувањето на ова школување, Надица се вработила на скопскиот аеродром во ФИО неоткажувајќи се од својот сон – еден ден да стане контролор на летање.
Неколку години подоцна, во 1979 година, истиот тој школски центар во Белград ѝ дозволил на Лилјана Стојановска да отпочне тренинг за контролор на летање и таа станува првиот лиценциран македонски женски контролор на летање вработен на аеродромот во Охрид.
Овие две пионерки го изодеа патот за следните генерации жени контролори на летање како Светлана (Цеца) Буњевац, Марина Шутарев, Катица Треневска, Зорица Крндија, Фросина Донески и други кои ги следеа нивните чекори. Денеска ситуацијата е далеку подобра иако има уште многу простор за зголемување на бројот на жени кои одлучуваат ова да стане нивна професија. Во моментот, Секторот за Воздухопловна Навигација од вкупно 142 вработени, брои 42 жени, од кои само 23 се контролори на летање или помошници контролори на летање.

Неодамна М-НАВ а.д. Скопје правеше селекција за нови контролори на летање, и од избраните единаесет, само еднa е девојка, нашата најмлада колешка и идна контролорка Даниела Денковска.

Вистинската причина зошто малку жени се јавуваат на конкурсот на контролори на летање ќе мора да ја бараме подлабоко во сржта на општествените стереотипи и домашното воспитување, но зголемување на процентот на жени контролори на летање е неуморна мисија на М-НАВ а.д. Скопје која ќе продолжи и во иднина

Полова застапеност во М-НАВ (по сектори)

СекториМашки полЖенски полВкупно вработени
ВН12742169
ВТ47249
СФРПРРИ432770
Ревизија123
Безбедност7512
Вкупно22478303
%74.25 %25.75 %

Во табелата се гледа моменталната процентуална ситуација на полова застапеност по сите сектори. Од основањето на М-НАВ а.д. Скопје во Управниот Одбор сеуште немало жена член, а од вкупно петте највисоки менаџерски функции (Извршни директори и нивни заменици) моментално, и за прв пат е една жена. До неодамна, Секторот за Воздухопловна Техника не броеше ниту една жена вработена, а сега се веќе две. Полека но сигурно машкиот воздухопловен бастион се предава на нашите неуморни желби и амбиции. Им благодариме на колешките пред нас кои трпеливо ги кршеа општествените табуа и ветуваме дека нашата проефсионалност нема никогаш да ја изневери нивната жртва.